Toyota во јули продала близу 15% повеќе возила во Европа

Toyota во јули продала близу 15% повеќе возила во Европа

Toyota дефинитивно излегува од кризата што корона-пандемијата ја предизвика за целата автомобилска бранша. Со 821.719 продадени автомобили во јули од марките Toyota, Lexus, Daihatsu и Hino, јапонскиот концерн е само 12 проценти во минус во споредба со истиот месец лани.

Во Кина, пазарот дури и пораснал во минатиот месец, каде што се продадени +19,1% повеќе патнички автомобили од двете матични марки на концернот. Toyota бележи растечки интерес на најголемиот автомобилски пазар во светот за моделите RAV4 и Camry. Овие модели постигнале повисока продажба отколку лани во јули.

Најголем единечен пазар за Toyota сепак не е Кина, туку се САД. Во јули, таму се продадени 169.484 возила, што е 19% под истиот месец лани, меѓутоа трендот укажува на скорешно целосно заздравување на овој пазар за марката. Американците најмногу ги бараат СУВ-возилата и пикапите, исто како и хибридните модели, вклучувајќи ги Camry и Highlander.

Европа е регионот каде што Toyota брилјира. Продажбата во јули забележала 96.821 возила или за 14,5% повеќе од лани. Франција (13.779) и Шпанија (8.970) го преводат растот во продажбата, соодветно со +44,8 и +30,4 проценти. Веднаш по нив следи и еко-совесната Велика Британија со 12.828 возила и +28,6 проценти. Русија исто е голем (и домашен) пазар со 11.506 возила. Одличниот јулски пазар се должи на огромната побарувачка за хибридите, особено за Yaris, C-HR и RAV4.

На домашниот пазар, Toyota испорачала 127.852 возила или за 17% помалку од ланскиот јули. Јапонија постепено ги остава последиците од корона зад себе. Вкупната продажба на Toyota во островската наскоро ќе се врати во плус, првенствено поради растечкиот интерес за новиот СУВ-модел Harrier, како и за новата генерација на Yaris и Raize. Тие се воедно и првите два најпродавани модели на јапонскиот пазар, вклучувајќи ги мини-возилата (kei-cars).

Toyota останува силна и на останатите национални пазари во азискиот регион. Индонезија (11.625), Тајланд (17.553) или Тајван (15.869), се вбројуваат меѓу најголемите единечни пазари на концернот.

Канада, како традиционално голем пазар на Toyota, во јули има регистрирано 19.026 нови автомобили од јапонската марка, за 7,8% под ланскиот јули. Во регионот на Средниот Исток се испорачани 24.499 возила (-37,1%). Австралија има 16.035 нови автомобили Toyota (-13,9%) во јули.

По марки, Toyota и Lexus во јули постигнале вкупно 747.300 продажби на светскиот пазар (-12%). Вкупната продажба годинава достигнала 4.518.654 возила. Тоа се 19,8% под продажбата во првите седум месеци лани, но е далеку подобро во споредба со најпогодените концерни во браншата (Peugeot SA, Fiat Chrysler, Jaguar Land Rover итн.) Марката Daihatsu додава уште 63.010 возила во јули (-7,6%), од кои само шест илјади возила се извезени од Јапонија. Огранокот со товарни возила Hino ја заокружува статистиката со 11.409 продадени возила (-31,3%).

Од вкупно продадените 4.986.210 возила на концернот, надвор од Јапонија се испорачани 3.783.751 возило

Луксузната марка Lexus во јули постигнала 64.846 продажби на светскиот пазар и со тоа е 3,6 проценти во плус. Азија (без Јапонија) го презема приматот како најголем пазар, со 26.376 возила, пред Северна Америка со 25.791 возила. Благодарение на Кина, континентот во минатиот месец регистрирал раст од 30,9 проценти. Одлично се развива и пазарот во Европа, со 7.166 продадени возила во јули (+9,7%), односно вкупно 35.848 продажби во првите седум месеци од годината.

Останува уште извештајот за специјалноста на Toyota, возилата со електромотор во погонската спрега. Автомобилите со хибриден погон учествуваат со 178.794 примероци во вкупната јулска продажба на Toyota/Lexus (+5,4%). Вкупно до јули биле продадени 977.908 хибридни возила. И уште една специјална статистика. До јули, концернот испорачал вкупно 579 возила со погон на водород.

По највисоките македонски планини со Toyota RAV4: Шар Планина (Втор дел)

Претходна објаваКолку заштедуваат благите хибриди на Suzuki на годишно ниво?
Следна објаваОвој минибус пристига на повик преку апликација

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here