Првиот СУВ-модел, Lexus LX, своето пазарно деби го имаше во 1996 година. Две години подоцна следеше RX, како прв луксузен СУВ. Премиум марката на Toyota моментно нуди шест модели – UX, NX, RX, RX L, GX и LX. На хибридите, кои сочинуваат 96% од продажбата во Западна Европа, наскоро им се придружува електричен UX 300e.
Lexus за период од приближно четвртина век испорача 5 милиони примероци од своите луксузни СУВ-модели и кросовери на светскиот пазар. Првиот СУВ на марката, Lexus LX, се појави во 1996, само седум години по дебито на марката. Во 1998 година следеше RX, како прв луксузен кросовер. Премиум марките оттогаш продаваат најмногу од своите возила токму во овој сегмент.
Како што пазарот понатаму почна да бара СУВ модели во сите класи и во сите можни варијанти, Lexus одговори со робустниот GX, за денес во понудата да биде вклучен и моделот од средната класа NX, како и компактниот кросовер UX. Премиум марката на Toyota денес постигнува две третини од својата продажба токму во СУВ-сегментот. Lexus моментно е присутен на 90 пазари ширум светот.
Со текот на годините, секој СУВ и кросовер придонесуваше Lexus да го заокружи впечатливиот настап со динамичниот дизајн на моделите, но и да внесе авантуристички дух во имиџот на марката. Како и секој модел на Lexus, фините теренци се одликуваат со врвна изработка и со напредна технологија. Оваа заокружена целина прави кругот на купувачи на Lexus да расте постојано.
Дополнителен придонес за популарноста на СУВ-моделите на Lexus даде и хибридниот погон. Првиот модел на Lexus со погон со две срца беше RX 400h во 2005 година. Денес хибридите учестрвуваат со две третини во вкупната продажба на СУВ-модели на Lexus на светскиот пазар. Уделот во Западна и Централна Европа е шампионски, дури 96% од продадените возила користат електромотор во погонската спрега.
| Вкупна продажба на СУВ-модели на Lexus | ||
| Модел | Премиера | Продадени примероци до јуни 2020 |
| LX | 1996 |
487,229 |
| RX and RX L | 1998 (RX)
2017 (RX L) |
3,136,223 |
| GX | 2002 |
445,965 |
| NX | 2014 |
853,035 |
| UX | 2018 |
110,899 |
| ВКУПНО |
5,033,351 |
|

















