Добавувачот на компоненти за автоиндустријата и специјалист за пренос ZF ја пушти обновената патека за тестирање товарни возила во Јеверсен, во близина на германскиот град Хановер. На патеката за чиешто осовременување се вложени 18 милиони евра и се наоѓа во непосредна близина на патеката на Continental, првенствено ќе се тестираат системи за безбедност и асистенција за камиони и автобуси.
Новоизграден е кружниот дел долг 3,6 километри. Таму ќе се тестираат системи за асистенција при застој на патот или технологија за автопилотирано возење на повеќе камиони во колона. Покрај најразлични маневри при повисоки брзини, на патеката ќе се вршат и тестови на сопирање на различна подлога, исто како и тестови на техника за задржување на возилото во место и на системи за контрола на тракција на пат под косина. Пред две години, ZF вложи 25 милиони евра во центар за иновации и технологија во Хановер.
ZF лани го презеде американскиот производител на сопирачки Wabco, за вредност од 6,2 милијарди евра. Патеката во Јеверсен, меѓу другото ќе биде важна и поради тестирањето на овие клучни системи во секое возило. Компанијата вложува во развој на електричен погон, во автопилотирано возење и во вмрежување.
https://photos.app.goo.gl/wMihHJvQZrxErvcv7
Wabco ја започна работата на патеката во Јеверсен во минатата пролет. Производителите на камиони исто така ќе можат да ја користат патеката за тестирање на своите нови модели. Вкупната површина на комплексот покрива 100 хектари. ZF располага со тест-патеки и во Финска и Индија, што дозволува техниката да се тестира во најразлични климатски услови.
















