ZF го презеде америкaнскиот производител на сопирачки Wabco

ZF го презеде америкaнскиот производител на сопирачки Wabco
ZF го презеде америкaнскиот производител на сопирачки Wabco

Добавувачот ZF е нов сопственик на американскиот производител на сопирачки Wabco. Германскиот концерн планира на овој начин да го зајакне своето присуство на пазарот на системи за автопилотирано возење, а напредните сопирачки системи се една од клучните компоненти во тој поглед.

Добавувачот на компоненти за автомобилската индустрија и специјалист за автоматски менувачи ZF, стана сопственик на американскиот производител на системи за сопирање Wabco. Концернот со седиште на Боденското Езеро на овој начин го зајакнува своето присуство во сегментот на товарните возила, а со преземањето на Wabco добива иновативна и напредна технологија во подрачјето на системите за сопирање.

Wabco во иднина ќе дејствува како самостоен огранок за контролни системи за товарни возила во рамките на ZF и ќе биде десетти огранок на германскиот технолошки концерн. Новата членка на концернот ZF вработува 12.000 лица во 45 фабрики ширум светот. Досегашниот претседател Жак Ескулие заминува од американската компанија и на негово место доаѓа Фридрик Штедлер, од позицијата на директор за огранокот за техника за товарни возила на ZF.

Со ова преземање во САД, концернот ZF моментно нуди во своето портфолио обична и електрична погонска техника, делови за подвозје, најразлични сензори, интегрирани системи за сопирање, управување и за асистенција за производителите на автомобили. Покрај тоа, германската компанија има понуда и во делот на услужните дејности, со решенија за дигитално менаџирање на возен парк, како и со обемна трговска мрежа за резервни делови за товарни возила.

Управуваната задна оска на ZF достигна 500.000 примероци

ZF управувана задна оска
ZF управувана задна оска

Претходна објаваПоради корона: Седум камп-возила продадени за еден ден
Следна објаваНаградена серијата на јутјуб „Becoming ID“ на Volkswagen

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here