за

Управуваната задна оска на ZF достигна 500.000 примероци

ZF управувана задна оска
ZF управувана задна оска

Специјалистот ZF произведе половина милион примероци од системот за управување на задната оска. Наречен AKC (Active Kinematics Control), системот стартуваше со производство во фабриката во Лебринг/Австрија пред околу шест години.

Податокот дека стоилјадитиот примерок од системот за управување на задната оска беше произведен пред само две години е одличен показател за растечкиот интерес меѓу производителите на автомобили. Неодамна беше пуштена и третата производствена линија, а се планира и натамошно проширување. Тоа ќе овозможи ZF во блиска иднина да постигне производствен капацитет од еден милион системи AKC на годишно ниво.

Системот за управување н задната оска AKC покажува најголема предност при избегнување ненадејна опасност на патот и при нагло сопирање. При бавно возење во тесни улици, системот ги завртува задните тркала во спротивен правец од предните тркала. На тој начин се смалува кругот на вртење за 10 проценти и полесно се маневрира со возилото.

При повисоки брзини, односно над 60 km/h, како и во случај на избегнување ненадејна пречка, AKC ги завртува задните тркала во истиот правец со предните тркала. Во тој случај се подобруваат стабилноста и управливоста. Покрај тоа, системот на ZF подржува и автопилотирано возење и во одредени случаи може да го управува возилото само преку задната оска.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mercedes, полнач за електрични автомобили

Топ 10 Заблуди и митови околу електричните автомобили

Kia XCeed

Kia XCeed: Кросовер се придружува на моделското семејство на Ceed