за

Ford Nugget Plus има спална соба на покривот

Ford Nugget Plus е достапен и во изведба со подигнувачки покрив. „Plus“ се однесува на подолгата изведба на камперот Nugget, што е изработен врз основа на Transit Custom.

ford nugget plus
ford nugget plus

Новата варијанта ќе биде алтернатива на изведбата на Nugget со фиксен повишен покрив и исто така е развиена во соработка со специјалистот Westfalen Mobil. Во возилото за кампување ќе можат да преноќуваат до четири лица. Испораките ќе стартуваат во првото тромесечје од 2021 година, односно точно навреме со почетокот на следната сезона на патувања. Цената на основната изведба во германскиот ценовник на Ford изнесува близу 57.000 евра.

Делот за спиење на горното ниво располага со прозорци отстрана, вклучувајќи заштита од комарци, како и диодни светилки со променлива силина. Двојниот лежај може да се преклопи нагоре во текот на денот, со цел да се постигне простор за движење со висина до 2,40 метри.

Кога покривот е спуштен, Nugget Plus е висок 2,09 метри и нуди дополнителна можност да се постават носачи за багаж. Според пресметките на Ford, поради пониската висина во споредба со верзијата на Nugget со повишен покрив, потрошувачката на гориво се смалува за 7 проценти.

Покривната плоча со сендвич-конструкција поседува слој со изолациска пена, за температурата во возилото да биде постојана. Полиестерот што е користен за манжетната е фунгициден, незапалив, долготраен и издржува притисок на слој вода со длабочина до половина метар. Покривот се испорачува во сите каросериски бои, а по желба може да се лакира и во други бои или шари.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Топ 10 Најдостапни модели во градската класа Mitsubishi Space Star 1.0 Entry

Топ 10 Најдостапни модели во градската класа

ZF патека за тестирање камиони

Камионите исто така имаат патеки за тестирање