Американскиот производител на електрични автомобили Tesla е во спор со кинеската платформа за онлајн-продажба Punduoduo што има милиони корисници во азиската земја. Популарната платформа, во соработка со локален трговец со автомобили, во јули понудила можност Tesla Model 3 да се купи по цена пониска за 5.000 евра од редовната цена. Tesla, инаку, продажбата ја организира директно, без надворешни партнери.
Станува збор за награди што се доделуваат во рамките на т.н. групно купување, што е вообичаено во Кина. Кога за одредена понуда ќе се пријават најмалку 10.000 купувачи, пет случајно избрани корисници ќе добијат ексклузивна можност да купат Tesla Model 3 од локална продукција по пониска цена отколку при купување на возилото директно од Tesla.
Корисник од Вухан добил таква можност, по што службениците на Pinduoduo го пополниле формуларот за нарачка на официјалната веб-страна на Tesla, по вообичаената цена на возилото.
Tesla одбила да го испорача возилото, образложувајќи дека станува збор за прекршување на деловните услови за работа. За таква акција е потребно да се склучи договор со производителот на автомобили. Добитникот на „наградата“, односно можноста да купи Model 3 за 5.000 евра поевтино, поднел тужба против Tesla.
Pinduoduo wants to elevate its image by selling Teslas. Tesla won't let it.@alexjfang reports.https://t.co/paTzQzTzMT
— Nikkei Asia (@NikkeiAsia) August 19, 2020
Наспроти тоа, друг учесник од Шангај го купил својот автомобил на овој начин. Поради тоа што станува збор за недозволена препродажба на крајни корисници, Tesla нема да дозволи возилото да се сервисира во мрежата на производителот. Резервни делови за Tesla не може да се набават надвор од официјалната продажно-сервисна мрежа.
















