Volkswagen започна со сериско производство на ID.4

Volkswagen ID.4 започна со сериско производство

Продолжува електричната офанзива на Volkswagen. Со почетокот на сериското производство на ID.4 во Цвикау го означува пристигањето на првиот СУВ на марката со чисто електричен погон. Светската премиера на Volkswagen ID.4 ќе се одржи кон крајот на септември. Со тоа, концернот од Волфсбург ги потврдува своите амбиции, да стане водечки производител на електрични автомобили во светот.

Концернот за таа цел инвестира 33 милијарди евра до 2024 година, од кои 11 милијарди се наменети само за матичната марка. До 2025 година се очекува вкупната продукција да достигне 1,5 милион електрични автомобили од марката Volkswagen.

Со Volkswagen ID.4 ја прошируваме својата понуда со возило со целосно електричен погон во сегментот што бележи најголем раст во светски рамки, во класата на компактните СУВ-модели

Ралф Брандштетер, извршен директор на марката Volkswagen

Електричниот СУВ прво ќе се продава и произведува во Европа, а потоа и во Кина и во САД. Фабриката во Цвикау има клучна улога во електромобилноста. Тоа е првата голема фабрика за автомобили, што со инвестиција од 1,2 милијарда евра целосно е префрлена на електромобилност.

Во следната година се очекува врз основа на платформата MEB да се изработат 300.000 електрични автомобили во Цвикау. Со тоа, фабриката прераснува во најголема и најпродуктивна локација за производство на електрични автомобили во Европа. Покрај тоа, во Кина веќе стартуваше претсериското производство на ID.4, а од 2022 година ќе се приклучи и фабриката во Чатануга, САД.

https://youtu.be/mbAj7sknuwg

>>> Електричниот Volkswagen ID.3 стартува со испорака во септември

Претходна објаваTesla во спор со кинески онлајн-трговец што нуди попуст за возилата
Следна објаваVolvo додава втора изведба на XC40 со приклучен хибрид

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here