Kia ќе воведува нови услуги на мобилност на своите пазари ширум светот и ќе ја збогатува понудата за возачките и возачите во земји што веќе ги користат тие услуги. Тоа го најави претседателот и извршен директор на Kia, Хо Сунг Сонг, при денешната посета на фабриката во Сохари, за време на официјалниот старт на производството на новата генерација на семејниот ван Kia Carnival.
За таа цел, производителот ќе соработува со водечки компании за мобилност во светски рамки, со цел точно да се излезе во пресрет на барањата на клиентите на одредени пазари и региони.
На домашниот пазар, Kia ќе го зголеми возниот парк од возила што може да се користат врз основа на месечна претплата, во рамките на услугата Kia Flex. Во иднина, овој возен парк ќе опфаќа 200 возила, сочинет главно од новиот Carnival, како и од идниот електричен модел што ќе биде претставен подоцна.
Во Европа, Kia ќе нуди точно приспособени услуги за мобилност за конкретни земји. Во 2018 година, Kia во Шпанија ја воведе услугата на car-sharing под името Wible, во соработка со шпанската компанија за енергетика Repsol. Начинот на изнајмување на овие возила е вообичаен за car-sharing, односно буквално се сведува на наоѓање на најблискиот слободен автомобил со помош на апликација, отклучување на возилото со помош на истата, користење во времетраење од неколку минути до повеќе часови, и на крај плаќање преку апликацијата – по користењето возилото едноставно се остава на јавно паркиралиште, без посредници.
https://photos.app.goo.gl/3Dwj4vvAyUViYgjKA
Возниот парк во земјата моментно се состои од 500 возила Niro со приклучен хибриден погон. Во иднина се планира услугата да биде поврзана со повеќе видови на превоз, вклучувајќи ги јавните превозни средства.
Изнајмувањето возило директно од дилерите е услуга што се шири масовно
Во следните месeци, Kia ќе воведе т.н. дилерска услуга за мобилност во Италија и во Русија. Станува збор за нова услуга, што овозможува дилерите на марката да изнајмуваат возила на одредено време, од еден ден до цела година. Оваа услуга понатаму ќе се проширува глобално.
Во Северна Америка, Kia ќе продолжи да работи на електрификациајта во соработка со партнери за мобилност. За мрежата на познатиот Lyft во минатата година беа испорачани 200 електрични возила Kia Niro EV, а годинава следеа 44 возила со хибриден погон за MoceanLab, кој делува на подрачјето на Лос Анџелес.
>>> Kia Sorento стартува на германскиот пазар од 41.500 евра
















