за

BMW M3 првпат ќе се нуди во комби изведба Touring

BMW уште пред 20 години експериментираше со комби изведба на M3. Минхен сега потврди дека новата генерација првпат ќе се нуди во верзија Touring. Главната вест сепак е тоа што M3 ќе има премиера во септември.

BMW M3 првпат ќе се нуди во комби изведбата Touring

Минхен потврди дека во понудата од моделски изведби во гамата на BMW M3 првпат ќе биде вклучена и практична комби изведба Touring. Наскоро почнуваат тестирања во кругот на развојниот центар во Гархинг, покрај Минхен, а потоа следи и Нирбургринг.

Комбинацијата од врвни перформанси и возни својства какви што може да понуди BMW, со огромен и практичен багажник на комби-каросерија, отсекогаш привлекувала со посебниот шарм, но е вистинска реткост. На неколку седмици пред светската премиера на новиот BMW M3, Минхен најавува нова каросериска варијанта. M3 првпат ќе биде достапен како комби, со традиционалната ознака Touring.

Лимузината BMW M3 и купето BMW M4 ќе ја доживеат својата светска премиера во следниот месец. По нив ќе следи и кабриолетот. За помалку од две години, во гамата на култниот модел ќе биде додадено и комбито. Досега единствено M5 беше достапен во таква комбинација. Тоа се случи првпат во втората генерација на M5 во 1992 година, а потоа и во четвртата генерација од 2007 година.

Идејата, овој концепт да се примени кај BMW M3, отсекогаш ги фасцинираше фановите. Но, не само нив. Инженерите на куќата уште пред 20 години изработија прототип од M3 со каросерија Touring. Во шестата генерација на „тројката“, оваа комбинација ќе стане реалност.

BMW M3 Touring уште се наоѓа во најраната фаза од двогодишниот процес на созревање до сериски модел. Исто како кај секој BMW M-модел, така и за M3 Touring во завршната фаза ќе следи обемна програма на тестирање и дотерување, вклучувајќи и илјадници километри по Нирбургинг. M3 Touring сепак е во прв ред M3.

>>> Дали знаете дека постојат BMW M3 пикап, комби и компакт?

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Kia на рента од еден ден до една година во Италија и Русија

Kia на рента од еден ден до една година во Италија и Русија

Тест: Volvo XC60 D4 AWD Geartronic