За одбележување на 30-годишнината на M3, спортската ќерка на BMW прикажа четири необични изведби на овој легендарен модел. Првиот пикап беше изработен чисто од практични причини. Марката во тоа време возеше во шампионатот во DTM и пикапот беше изработен за транспорт на гумите и моторите до патеката за тестирање.
Цели 26 години, по тест-патеката на BMW се користеше уникатно возило што само малкумина можеа да го видат во живо, а уште помалку да го испробаат. Пикап изработен врз основа на серијата 3 на BMW, но не врз која било изведба, туку токму врз основа на M3. Како се случи BMW да го изработи овој модел, како дојде на идеја неговиот наследник да го подготви за сериско производство, и зошто беа изработени уште неколку необични каросериски изведби од M3, погледнете на видеото. (не заборавајте да го вклучите македонскиот превод во CC)
















