Skoda во јули ја зајакнала својата позиција на најпродавана увозна марка на германскиот пазар и постигнала пазарен удел од 7,0 проценти. Тоа е историски рекорд на чешката марка на Volkswagen, на најголемиот пазар во Европа – и воедно домашен пазар на VW и компанија.
По рекордните 6,8 проценти удел што беа постигнати во септември пред три години, Skoda во оваа тешка година за браншата и за светот, во јули постави нов рекорд на германскиот пазар на аватомобили, со 7,0 проценти удел. Со вкупно испорачани 22.084 нови возила, резултатот од истиот месец лани е надминат за 8,3 проценти.
Во досегашниот тек на годината, чешката марка постигнала удел од 6,2 проценти, наспроти 5,9 проценти во истиот период лани. Меѓу сите производители на најголемиот пазар во Европа, Skoda е на шестото место.
Најпродаван модел останува Octavia, којашто во јуни (уште нема резултати за јули) се најде на шестото место на најпродавани модели во Германија. Голема побарувачка постои и за СУВ-моделите Kodiaq и Karoq, како и за компактниот Kamiq. Кај знаменосецот Superb, секој четврти испорачан примерок на германскиот пазар вози со приклучен хибриден погон.
Продажба на Skoda на германскиот пазар
од јануари до јуни 2020 г.
OCTAVIA 18,873
KAROQ 10,194
KODIAQ 10,018
FABIA 8,896
KAMIQ 8,674
SUPERB 7,656
SCALA 6,089
CITIGO 1,445
Други 23
ВКУПНО 71,868
Тест: Skoda Octavia 2.0 TDI DSG Style

https://www.instagram.com/p/CDgzp1GpIFC/
















