BMW награден за новиот дизајн на салонски штанд

BMW со награда за новиот дизајн на салонски штанд
BMW со награда за новиот дизајн на салонски штанд

BMW освои две награди Red Dot за новиот дизајн на салонските штандови на марките од групацијата, како и за новото визуелно опкружување на конференциите за медиуми.

На еден од последните големи салони за автомобили, на ланскиот ИАА во Франкфурт, групацијата BMW премиерно настапи со новиот изглед на штандот. Посебноста беше во необичното медиумско инсценирање, на коешто во салонот во Лос Анџелес му се придружи и ново визуелно опкружување на конференциите за медиуми.

Овие дизајнерски и анимациски концепти се развиени во соработка со агенцијата Elastique од Келн, и истите сега се одликувани со награда во рамките на ценетите Red Dot Award, во категоријата за Дизајн на бренд и комуникација за 2020 година. Станува збор за едни од најценетите награди за дизајн во светски рамки. Жирито се состои од 40 врвни експерти од цел свет.

BMW на салоните ги соединува реалните и дигиталните елементи

Главен мотив на новиот салонски настап на BMW на салонот ИАА беше иднината на задоволството во возењето. За таа цел, креаторите се откажаа од користење податоци и факти, и избраа посебни материјали од надворешноста и внатрешноста на возилата, претворајќи ги во надреални сцени. Анимации, филм и звук создаваа драматургија што се надополнуваше со LED-дисплеите околу модерниот штанд. BMW Concept 4, еден од најважните новитети, прикажан преку унапредена реалност, најмногу го одушеви жирито.

https://photos.app.goo.gl/cy2tBeHiT1WQDjAx8

Новата серија 4 на BMW доаѓа в година, концептот од ИАА ветува промени

 

Претходна објаваMercedes од овој центар снабдува 150 земји со резервни делови
Следна објаваToyota изработува нови резервни делови за старите легенди

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here