Mercedes од овој центар снабдува 150 земји со резервни делови

Mercedes од овој центар снабдува 150 земји со резервни делови
Mercedes од овој центар снабдува 150 земји со резервни делови

Точно за 30-годишнината на центарот за резервни делови на Mercedes-Benz во германскиот град Гермерсхајм е отворено новото проширување на овој гигантски магацински простор. Комплексот покрива површина од 80.000 метри квадратни.

Централниот дел во новата хала е високорегалниот магацин за делови со средно големи и масивни делови. Висината на овој регал е спектакуларна, станува збор за 40 метри. Во продолжение се наоѓа магазин за пакување и подготовка на делови со средна големина, висок 12 метри.

Во подот се поставени шини под висок напон, по коишто се движат деловите низ непрегледниот простор. Складирањето на материјалот е целосно автоматизирано, преку комбинација од пренос преку синџир, преку висечки шини и електрични палети, директно до високиот регал.

Во проширувањето на магацинот се вложени 100 милиони евра

Од овој стратешки центар се снабдуваат големите трговци во Европа и на прекуокеанските пазари. Оттука се услужуваат повеќе од 150 држави, со делови и прибор за товарни и патнички возила од марките Mercedes-Benz, Smart и Fuso.

Во центарот во просек се издаваат над 40.000 налози. Се испорачува со камиони, брод, железница или авион, а во вонредни услови и преку експресна служба. Во центарот работат 3.100 лица. За снабдување на сервисните работилници ширум светот се грижат 40-те придружни центри, од кои пет се наоѓаат во Германија, во Хановер, Келн, Нирнберг, Мајнц и Ројтлинген.

https://photos.app.goo.gl/TBnqFfLaDQKJti6B9

>>> Над половина милион олдтајмери регистрирани во Германија

Претходна објаваГана доби фабрика за автомобили на Volkswagen
Следна објаваBMW награден за новиот дизајн на салонски штанд

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here