Новата серија 4 на BMW доаѓа в година, концептот од ИАА ветува промени

BMW Concept 4
BMW Concept 4

BMW го прикажа Concept 4 на салонот во Франкфурт, како најава за новата серија 4. Купето ќе се појави во следната есен, кусо потоа ќе следи и кабриолетот. Бубрезите во маската стануваат уште поголеми.

BMW Concept 4 е најава за стилот што ќе го следи новата серија 4, чиешто појавување може да се очекува веќе в година. Студијата долга 4,78 метри е една од вистинските премиери на салонот во Франкфурт, без претходно објавени фотографии или видеа.

Главното обележје е натамошното зголемување на двојните бубрези, како што жаргонски се нарекува изгледот на маската на BMW. Истото важи и за моќниот дифузор во опашот. Баварците не откриваат детали околу моторите, иако во основа тие треба да потекнуваат од сродната серија 3.

Димензиите на бубрезите кај Concept 4 не се само обична дизајнерска вежба, тие со голема веројатност ќе се користат и за сериската изведба на новата серија 4 на BMW

Силуетата на автомобилот висок 1,4 метар и широк близу 1,9 метар, со долга хауба и куси каросериски превиси, личи на постоечкото купе, но изгледа многу подинамично и поагресивно. Новини има во светлата. Диодите во двојните светла не се сокриени зад транспарентни панели, туку се извлечени нанапред и имаат релативно сложена форма. Сличен ефект има и кај задните светла, чиишто ленти од светлечки диоди се оставени без покривен панел.

BMW ги издвои каросериските изведби на купе и кабриолет како серија 4 во 2013 година. Актуелните модели последен пат имаа освежување во 2017 година.

https://photos.app.goo.gl/dkExhTKftdAi8AtL6

https://photos.app.goo.gl/ZnieZDqxQKAeHWNd9

https://photos.app.goo.gl/E9SNVQ8oP8vyPwTk8

https://photos.app.goo.gl/tz44Eap7wQ4pkEPM8

https://www.instagram.com/p/B2UMEgRnuJ7/

Дизајнерот Домагој Дукец го објаснува секој детал во изгледот на Concept 4

https://www.instagram.com/p/B2PLIlYnBHX/

 

 

Претходна објаваAudi повторно ќе го менува шефот, новиот доаѓа од BMW
Следна објаваLamborghini со награда за 1 милион следбеници на јутјуб

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here