Toyota изработува нови резервни делови за старите легенди

Toyota изработува нови резервни делови за старите легенди
Toyota изработува нови резервни делови за старите легенди

Сопствениците на трите историски модели на Toyota ќе имаат помалку грижа околу оригиналноста на своите автомобили, откако јапонската марка започна со изработка на неколку клучни резервни делови за нив. Станува збор за Toyota Supra A70/A80 и за „бондовската“ Toyota 2000GT.

Автомобили со вредно минато заслужуваат уште повредна иднина. Спортскиот огранок Toyota Gazoo Racing започна со изработка на нови резервни делови за неколку класични модели на Toyota. Во почетокот се опфатени три модели кои уште се многу гласни на сцената: Тјунинг-милениците Toyota Supra A70 (1986-1993) и Supra A80 (1993-2002), а малку подоцна и реткиот Toyota 2000GT, изработен во мала серија меѓу 1967 и 1970 година.

Supra A70 во 1986 година ги запрепасти новинарите со перформансите, што произлегуваа од 3,0-литарсккиот шестцилиндарец со 235 КС. Спринтот до темпо сто му траеше само 6,3 секунди, спектакл за тоа време и за оваа класа на возило. Сето тоа му успеваше уште повеќе на наследникот Supra A80 од 1993 година. Со двојно турбонатполнење, моторот постигнуваше 330 КС и победуваше во серија на сите тркачки патеки ширум светот.

Toyota го најави планот со новите резервни делови уште на салонот во Токио во јануари. Меѓу деловите што се достсапни се најразлични суштински делови, почнувајќи од рачки на врати до карданско вратило, или предно светло и засилувач на сила на сопирање. Овие делови може да се нарачаат како обични делови во центрите на Toyota

Разликата со оригиналните делови е само во печатот GR Heritage Parts. Сите податоци и информации се објавени на посебниот вебсајт https://toyotagazooracing.com/gr/heritage/

Во сервисите на марката воедно ги регистрираат и барањата за други резервни делови што им се потребни на сопствениците на историски вредните модели на Toyota. Сите делови што се изработени како „Revival Parts“ одговараат во својата функција и во гаранцијата со оригиналните делови на Toyota. Единствено може да има мала разлика во материјалот или во структурата.

Во рамките на оваа понуда се наоѓаат и „Substitute Parts“, како постоечки резервни делови, чијашто прецизност, функција и квалитет се проверени и од Toyota се дозволени за користење.

https://photos.app.goo.gl/KkZAv7ov9wX2yQ17A

Овој потег ќе ги израдува и сопствениците на исклучително ретката Toyota 2000GT од 1967 година. Покрај впечатливиот изглед, спортското купе има поставени три светски рекорди (на 10.000 милји, на 15.000 километри и за 72 часови), како и 13 интернационални брзински рекорди при тестовите на Јатабе покрај Токио.

Врвот во кариерата следеше со појавувањето во филмот „Се живее само двапати“ од серијалот за Џемјс Бонд, од 1966 година. Тоа беше и првпат британскиот таен агент да користи јапонски автомобил.

Изработен во само 337 примероци и развиен во соработка со Yamaha, спортскиот модел своевремено го одземаше здивот на ентузијатите со крајната брзина од 220 km/h и со најмодерниот 2,0-литарски шестцилиндарец во тоа време. Во почетокот, за овој модел ќе се изработуваат делови од менувачот и од диференцијалот. Деловите ќе можат да ги нарачаат само сопственици на моделот, за на тој начин да се спречи препродажба, а во исто време да се сочува автентичноста на оваа легенда на марката.

Во моментов се подготвуваат нови делови, во коишто ќе бидат опфатени уште неколку класични модели на Toyota.

toyota supra a70
Toyota Supra A70

Toyota Supra 5 генерации

>>> Пет генерации на Supra во музејот на Toyota во Келн

Претходна објаваBMW награден за новиот дизајн на салонски штанд
Следна објаваСинџирот за резервни делови Autodoc присутен во 27 земји

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here