Во новиот Seat Leon се вградуваат 16 антени

seat leon антени
seat leon антени

На прашањето колку антени имаат во својот автомобил, повеќето возачи би одговориле без двоумење: Една, за радиото! Во денешните возила сепак се вградува многу поголем број антени за различни функции што се однесуваат на безбедноста и контективноста. Овие антени обично не се забележуваат. Без нив автомобилите не би функционирале исто, а нивната улога во иднина ќе се збогатува сé повеќе.

Само за аналогните ФМ- и АМ-станици, како и за дигиталното радио се потребни неколку антени. Се вградуваат и антени за 4G мобилна телефонија, кои покрај подобрувањето на приемот, овозможуваат и користење на услуги на конективност, како и работа на некои системи за асистенција. Секако постојат и антени за навигација преку GPS, за блутут и за безжична мрежа. Други антени овозможуваат далечинско отклучување на возилото или вклучување на греењето.

Бројот на антени што се вградуваат во возилата е различен. Во основа, денешните возила содржат најмалку десет антени. Четвртата генерација на Seat Leon поседува 16 антени и со тоа е моментно најдобро „поврзаниот“ модел во гамата на Шпанците.

Најдоброто место за антена секако дека е покривот, затоа што оттаму има непречен прием од сите правци. Но, новиот Seat Leon и покрај тоа нема ниту една антена на покривот, барем не во класична форма. Место неа, на покривот се наоѓа т.н. мултисервисна антена, поради формата позната и како грбна перка. Таа обединува до четири функции: GPS, 4G-мобилна телефонија, WLAN и далечинска контрола на греењето.

Но, остануваат уште многу антени за вградување. Како место за тоа најдобро служат деловите што не се од метал, како задното стакло и браниците, па и рачките на вратите. За автопилотираните возила што користат 5G-мрежа и разменуваат податоци за миг, важно е антените да се наоѓаат на место што нема да биде попречено.

Ова се сите 16 антени во новиот Seat Leon

seat leon антени

5 Антени за радио бранови: аналогни (UKW) и дигитални (DAB)
1 Мултисервисна антена (грбна перка):
  • Навигација и лоцирање (GPS)
  • WLAN
  • Bluetooth
  • 4G-мобилна мрежа
  • Далечинска контрола со греењето
3 Антени 4G за мобилна телефонија:
  • Услуги од мрежата
  • Безбедносни функции (итен повик)
  • Подобрен прием во кабината
2 Антени за Bluetooth и WLAN:
  • Поврзување на инфозабавниот систем на возилото со телефоните на патниците
  • Активирање на слободно разговарање, како и на функциите SEAT Full Link и WLAN-Hotspot
5 Антени за управување со пристапот до возилото:
  • Централна брава со контрола преку радиобранови
  • Систем за пристап без клуч и дигитален клуч (вклучување и исклучување на палењето, преку алармниот систем)

https://www.instagram.com/p/B_KPHV5JTuw/

Претходна објаваBugatti за 30.000 евра, нерегистриран и брз 20 km/h
Следна објаваНадал и во следните пет години амбасадор на Kia

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here