Kia како главен партнер на Австралиското отворено првенство во тенис ја продолжи соработката со Рафаел Надал за следните пет години. Тениската ѕвезда ја објави веста преку пренос од неговиот тренинг на својата страница на фејсбук.
Со сегашното продолжување на договорот, соработката меѓу Надал и Kia ќе надмине период од 20 години. Автомобилскиот производител првпат го спонзирираше Рафа како млад тениски феномен во 2004 година. Две години подоцна, Шпанецот стана светски амбасадор на марката Kia, на свои 19 години.
Преносот од Академијата на Рафаел Надал во неговата родна Мајорка имаше единствена замисла, со тоа што фановите во реално време му задаваа задачи на тенисерот во рамките на #GetRafaMoving. Преку емо-симболи, фановите имаа целосна контрола врз сесијата и гласаа за тоа што сакаа тенискиот суперстар да изведе за време на тренингот. Секако, дека фановите најмногу бараа Рафа да ги изведе своите прочуени тениски трикови.
Kia ме подржува уште од мои 17 години и одигра важна улога во мојот развој како професионален тенисер и како личност. Со возбуда очекувам да видам што ќе донесат следните пет години на теренот и надвор од него
Рафаел Надал, за соработката со Kia
Партнерството меѓу Kia и Рафа трае 16 години, во кои истото инспирираше милиони лица да започнат да играат тенис. Преносот во живо се одвиваше во петокот на 24-ти јули, а снимката е достапна на каналите на Kia на социјалните мрежи.
Starting the countdown until I go live on court Kia Motors Worldwide hope you're all as excited as I am #GetRafaMoving
Posted by Rafa Nadal on Friday, July 24, 2020