BMW и Mini ја зголемија продажбата на модели на струја

BMW и Mini ја зголемија продажбата на модели на струја
BMW и Mini ја зголемија продажбата на модели на струја

Групацијата од Минхен пријавува заздравување на пазарот за своите автомобили од крајот на вториот квартал. За шест месеци се продадени близу еден милион автомобили, во меѓувреме има и раст во продажбата во Кина. Најголемата сатисфакција за раното приклучување во електро-бранот е растот во продажбата на електрични модели.

Продажбата на автомобилите од групацијата BMW во првите шест месеци претрпе удар од пандемијата, исто како и на останатите производители. Билансот за целото прво полугодие, вклучувајќи го повеќенеделниот период кога мируваа и производството и продажните салони, покажува задоволителни вредности. Продадени се 962.575 автомобили од трите автомбоилски марки на групацијата (заедно со Mini и Rolls-Royce), што е за 23,0% под ланскиот резултат.

Баварскиот концерн дури бележи и раст во продажбата. Секако, станува збор за кинескиот пазар, кој заздраве изненадувачки брзо, впрочем исто како и целата економија во земјата. Во вториот квартал, BMW има раст од 17,1% на пазарот во Кина.

Наспроти трендот на вкупниот пазар, во првото полугодие имаме позитивно движење во продажната на нашите возила со електрифициран погон. Нашата широка понуда од плагин-хибридни модели, како и целосно електричниот Mini, наидуваат на голем интерес меѓу нашите клиенти

Питер Нота, одговорен за клиенти, марки и продажба во BMW AG

Во првите шест месеци се продадени 842.153 автомобили од марката BMW (-21,7%) и 118.862 автомобили од марката Mini (-31,1%). За плагин-хибриди и електромобили од групацијата, во првото полугодие се решиле 61.652 купувачи (+3,4 %). Од луксузната марка Rolls-Royce се продале 1.560 возила (-37,6%) до јули. На тоа следат уште 76.707 ( 17,7%) мотоцикли.

Продажбата на електричните и електрифицираните модели ќе забележи уште поголем раст во остатокот од годината. Прво, повеќе држави воведоа уште повисоки субвенции за овие возила во екот на кризата, вклучувајќи ја Германија. Второ, за неколку месеци стартува производството на електричниот BMW iX3. Во меѓувреме сé повеќе пазари почнуваат да ги добиваат првите испораки од Mini Electric. За многу кусо време, моделот ќе доживее премиера и на македонскиот пазар.

До 2023 година, групацијата BMW ќе нуди дури 25 плагин-хибриди и чисто електрични модели

Понатаму, в година пристигаат електричните BMW i4 и техно-револуционерскиот кросовер BMW iNext, кој се очекува да направи голема пресвртница во подрачјето на автопилотираното возење. До 2023 година, групацијата ќе има во својата понуда дури 25 електрифицирани модели, од кои повеќе од половината ќе возат само на струја.

Нов поттик за продажбата доаѓа од купето од серијата 4, како и од освежената серија 5, којашто со пет плагин-хибриди има најголема понуда од овој погон во вишата класа. Одлично се прифатени електричните модели на Mini. Нивната продажба пораснала за 4,1% до јули, со вкупно 8.587 примероци од MINI Cooper SE Countryman ALL4 и од MINI Cooper SE.

Продажба на BMW Group во првото полугодие од 2020

 

1-во полугодие 2020
Промена %

BMW Group Automobile

962.575

-23,0%

BMW

842.153

-21,7%

MINI

118.862

-31,1%

BMW Group, електрични (PHEV и BEV)

61.652

+3,4%

Rolls-Royce

1.560

-37,6%

BMW Motorrad (мотоцикли)

76.707

-17,7%

Mini што вози 200 km на струја и неколку километри на бензин

Mini Cooper S E Countryman 4All eko-predizvik Markov manastir

Претходна објаваMercedes A-Class најдобар избор на користено според Autocar
Следна објаваСтаница за гориво во „снежна прекривка“ среде јули

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here