за

Mercedes A-Class најдобар избор на користено според Autocar

Mercedes A-Class најдобар избор на користено според Autocar
Mercedes A-Class најдобар избор на користено според Autocar

Компактниот модел на Mercedes е „херој на користените автомобили“ во изборот што го организира британскиот магазин Autocar. Зад оваа титула стојат гласовите од читателите, кои оценија дека издржливиот Mercedes A-Class е најдобар користен автомобил за целата претходна декада.

Магазинот Autocar годинава побара од своите читатели да гласаат за најдобриот користен автомобил за претходната декада. Се покажа дека Британците во тој поглед го обожуваат најмалечкиот и најдостапен модел на Mercedes-Benz.

Причината што компактот од Штутгарт е релативно достапен за купувачите, меѓу другото е во неговото масовно присуство на британскиот пазар. Autocar дополнува дека станува збор за модел што подеднакво се купува како приватен и како службен автомобил.

Најдобар избор е моделот од третата генерација, со којашто A-Class го напушти принципот на малечок ван и стана примерна комбилимузина. Како опција постои и верзијата од AMG, со моќен дволитарски бензинец, кој „ќе направи нешта за кои до пред само неколку години можевме само да сонуваме кај семејна комбилимузина“.

Autocar: „Цените се пониски од очекувањата, што прави A-Class да биде добар избор додека уште се нуди на пазарот“

Голем број купувачи сепак се решаваат за A180d, кој се одликува со исклучителна штедливост. Ако се земат предвид и верзиите со погон на сите тркала, тогаш буквално постои модел од A-Class за секого.

Моделите од четвртата генерација кои се речиси нови, поседуваат кокпит со висока технологија и уште се под гаранција од производителот. Тоа е уште еден аргумент во корист на децениската симпатија на купувачите кон A-Class.

Autocar заклучува за изборот на своите читатели: „Користен Mercedes-Benz A-Class е стилски, практичен и достапен. Купете го сега“.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Денес стартуваше производството на новиот Toyota Yaris 3

Денес стартуваше производството на новиот Toyota Yaris

BMW и Mini ја зголемија продажбата на модели на струја

BMW и Mini ја зголемија продажбата на модели на струја