за

Денес стартуваше производството на новиот Toyota Yaris

Денес стартуваше производството на новиот Toyota Yaris 3
Денес стартуваше производството на новиот Toyota Yaris 3

Поглавјето што им се случи на Corolla, RAV4 и Camry сега му претстои и на Yaris, со неговото преоѓање на „платформата“ TNGA, заедно со новиот дизајнерски правец на моделите на Toyota. Тоа што најмногу се очекува од познатото моделско име е масивен пробив на хибридниот погон во сегментот на градските автомобили. Тој е сепак најдостапниот хибрид на Toyota.

Во фабриката на Toyota во Валенсиен, во северниот дел на Франција, денес стартуваше производството на четвртата генерација на Toyota Yaris. Кај најпродаваниот модел на Toyota во Европа отсега се применуваат развојните начела што се содржани во познатата архитектура TNGA (Toyota New Global Architecture). Станува збор за инженерски пристап, со којшто се обезбедуваат подинамични возни својства, поголем ангажман на возачот за поголемо уживање во возењето, и секако, усовршена безбедност.

Тоа што Yaris премина на TNGA, значи дека ќе му се случува истото што претходно го доживеаја Corolla, RAV4, Camry, C-HR, а тоа е одушевување на купувачите по искусувањето на „новата“ Toyota. Најдрастичен пример за трансформацијата на моделите на јапонската марка и нивната прифатеност на пазарот, го даде Corolla, којашто во актуелната генерација се искачи во продажбата веднаш по Golf, Focus и A-Class.

Тристотини милиони евра вредна нова инвестиција во фабриката на Toyota во Франција

Француската фабрика на Toyota е четврта во Европа што се префрлува на производство на модели базирани врз TNGA. За таа цел во фабриката се вложени 300 милиони евра. Заедно со останатите инвестиции во регионот, Toyota дополнително го зајакнува производството на мотори и компоненти на европска почва. Новиот 1,5-литарски мотор за Yaris се произведува во фабриката во Полска.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Во Валенсиен се користат нови машини и технологии, што ги подобруваат ергономијата и ефикасноста во сите производствени хали. Во халата за изработка на делови од вештачки материјали, што е проширена за 3.500 метри квадратни, сега се поставени и линии за леење под висок притисок и лакирање, со што во фабриката во Франција ќе се изработуваат поголем број компоненти од вештачки материјали. До крајот на годинава ќе се зголеми и бројот на вработени, од 3.600 на вкупно 4.800 лица.

Со стартот на четвртата генерација на Yaris, се очекува Валенсиен да достигне годишна продукција од 300.000 примероци. За тоа ќе придонесе и СУВ-моделот Yaris Cross, што од средината на следната година ќе почне да се произведува како втор модел во француската фабрика. Во меѓувреме, во производството на Yaris Cross ќе се инвестираат уште 100 милиони евра.

Toyota Yaris е срцето на европската палета од модели и со тоа е клучен модел за успехот на марката. Со 224.368 примероци лани, секој петти модел на Toyota продаден во Европа бил од моделската серија на Yaris.

Новата генерација на Toyota Yaris, што извесно време се продава во Јапонија, ветува повеќе простор во кабината при компактни габарити на каросеријата. Секако дека интересот најмногу го привлекува новиот хибриден погон во комбинација со исто така новиот 1,5-литарски мотор. Тој реагира подиректно, а во исто време е за преку 20% поштедлив од хибридниот модел од претходната генерација. Има новини и во безбедноста. Покрај богатиот пакет од системи за асистенција, новиот Yaris е прв модел во класата на градските автомобили што поседува и средишна воздушна перница.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Неофицијално, новиот Yaris се очекува да пристигне во Тојота Авто Центар во периодот меѓу крајот на август и почетокот на септември.

Неколку детали пред скорешното пристигање на новата Toyota Yaris

Неколку детали пред скорешното пристигање на новата Toyota Yaris

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

porsche 911 turbo s

Porsche 911 Turbo S ги претркува и фабричките податоци

Mercedes A-Class најдобар избор на користено според Autocar

Mercedes A-Class најдобар избор на користено според Autocar