Станица за гориво во „снежна прекривка“ среде јули

Станица за гориво во „снежна прекривка“ среде јули
Станица за гориво во „снежна прекривка“ среде јули

Не паѓаше снег во јули! Така полицијата во градот Квинси во САД ги „смируваше“ граѓаните кои ја забележаа станицата за точење гориво што целосно беше прекриена во бело. Причината е дефект на противпожарниот систем.

Полицијата во градот Квинси, во американската сојузна покраина Масачусетс, излезе со соопштение во коешто наведе дека „не паѓаше снег во јули“, откако станица за точење гориво во градот беше целосно обвиена во бело.

Дефект на противпожарниот систем на станицата на Stop & Shop, на клучна крстосница во градот, предизвикал целата површина на станицата и автомобилите околу да заличат како да е зима.

Три лица се соочиле со потешкотии при дишењето, за што посебно пристигнала и амбулантна екипа. Според управата на компанијата, оваа необична случка била предизвикана од дефектен детектор за топлина. Во меѓувреме се сменети сите детектори, работењето продолжува нормално.

https://www.youtube.com/watch?v=2ktZWH1CXmM

Претходна објаваBMW и Mini ја зголемија продажбата на модели на струја
Следна објаваAudi e-tron добива помал брат: Q4 ќе биде и Sportback

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here