Два од три автомобили во Норвешка се електрични

Два од три автомобили во Норвешка се електрични
Два од три автомобили во Норвешка се електрични

Светскиот шампион во електричниот погон Норвешка, во јуни постигнал удел на автомобилите на струја од 66% во вкупната продажба на возила. Тоа не е ново, уште лани уделот беше 62 проценти. Целиот пазар се скуси за 25,5% во споредба со лани, што е задоволителен тренд откако во мај имаше пад од близу 40 проценти.

Најпродаван модел во јуни е Volkswagen e-Golf со 724 примероци, пред Hyundai Kona со 539 и Tesla Model 3 со 527 примероци. Во вкупно продадените 7.600 електрични автомобили, „батериските“ учествуваат со две третини, додека една третина им припаѓа на плагин-хибридите.

Продажбата на Tesla Model 3 се нормализира, по првите месеци од стартот на испораката. Меѓу најпродаваните електромобили отсуствува MG ZS, кој постигна солиден успех, но моментно се забавени испораките во споредба со минатиот месец. Добро напредува и Mercedes EQC, а Hyundai Kona веќе е редовна појава во норвешкиот топ 10, откако започна неговото производство во фабриката во Ношовице, Чешка.

Класичните хибриди држат десетина од електро-ориентираниот пазар во Норвешка

Автомобилите со обичен бензински и дизел погон учествуваат заедно со помалку од 25 проценти. Најпродаван модел во тој сегмент е Skoda Octavia, којашто во континуитет се држи добро на скандинавскиот пазар. Наскоро Чесите ќе стартуваат и со плагин-хибридна верзија од обновената Octavia. Тоа ќе значи натамошно слабеење на пазарот на возила со погон со фосилни горива.

Норвешка веќе преоѓа на бродски мотори на струја

Норвешка веќе преоѓа на бродски мотори на струја
Норвешка веќе преоѓа на бродски мотори на струја

Претходна објаваФабриката на Tesla во Берлин ќе се гради до март 2021
Следна објаваПред пристигањето на BMW M3, има добра понуда и Alpina

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here