Фабриката на Tesla во Берлин ќе се гради до март 2021

Tesla фабрика Германија
Tesla фабрика Германија

Tesla предвидува дека градежните работи за новата гигафабрика во близина на Берлин ќе траат до март следната година. Производството во фабриката ќе се одвива во три смени.

Американскиот производител на електрични автомобили Tesla планира градежните активности околу својата прва фабрика во Европа да траат до март 2021 година. Така се наведува во обновеното барање за одобрение што се однесува на животната средина и коешто ќе биде доставено денес. Продукцијата во Гринхајде, во близина на Берлин, којашто се планира да стартува во јули 2021 година, во почетокот е предвидено да се одвива во три смени, 24 часа на ден.

Во студијата за очекуваното ниво на бучава што Tesla ја поднесува до германските служби, се наведува дека во фабриката ќе работат по 2.100 лица во една смена. Фабриката е предвидена за годишен производствен капацитет од половина милион возила. Продукцијата треба да го достигне максимумот за најкусо можно време.

>>> Tesla ќе отвора втора фабрика во САД

Претходна објаваСпоред возачите во САД: Први Kia и Mitsubishi, последни Land Rover и Tesla
Следна објаваДва од три автомобили во Норвешка се електрични

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here