Шведската автомобилска марка во мај ја задржа продажбата со пад од само 25,5 проценти во споредба со лани, што е одлична вест во време кога повеќето марки бележат преполовување на пазарот. Има знаци дека европскиот пазар се враќа во форма, додека Кина веќе извесно време пак бележи раст.
Во првите пет месеци од годинава, Volvo Cars испорачала вкупно 208.479 автомобили на светскиот пазар или за 25,0% помалку од истиот период лани. За мај, кинескиот пазар регистрираше 15.132 нови автомобили на Volvo, за 21,8% повеќе од истиот месец во 2019 година – тоа е исклучително достигнување во време кога повеќето марки и големи регионални пазари уште трпат силни последици од корона-кризата. За периодот од јануари до мај, продажбата во Кина сепак забележала пад од 7,1 проценти.
Добри вести за марката пристигаат и од САД, каде во минатиот месец се продале 9.519 автомобили или само 2,5% под ланскиот резултат за мај. Пазарот нагло се врати откако почнаа да се укинуваат мерките за ограничување на движењето. Меѓу јануари и мај, на американскиот пазар сепак се продале 18,2% помалку автомобили (32.870) од марката Volvo во споредба со истиот период лани.
Ситуацијата е многу поразлична во мај, каде продажбата во услови на пандемијата достигнала 14.965 автомобили или за 49,6% помалку од лани. Резулатот за целиот период од годината досега е минус 34,3 проценти. Пазарот сепак покажува знаци на заздравување, откако почна да расте бројот на држави што ги укинуваат мерките за ограничено движење.

Најпродавана моделска серија во мај и натаму е СУВ-моделот од средната класа XC60, по кого следи компактниот XC40, а по нив и третиот СУВ-модел во понудата, луксузниот XC90. Повеќе од две третини (68,5%) од продажбата во мај ја сочинувале СУВ-модели, со растечки тренд во споредба со лани (СУВ-удел од 61%).
Уделот на возила со електромотор во погонската спрега, односно моделите Recharge, се зголемил двојно во првите пет месеци во споредба со истиот период лани. Оваа ознака ја носат сите модели со плагин-хибриден или електричен погон.
Продажба на автомобили на Volvo во светски рамки
|
|
Мај |
|
Јан.-мај |
|
|
|
2020 |
|||
|
Европа |
14,965 |
|||
|
Кина |
||||
Продажба на Volvo по моделски серии
Модел |
Мај |
% |
2020 |
% |
|
S60 II |
0 |
– |
25 |
-96.6 % |
|
S60 III |
3,266 |
34.6 % |
12,488 |
50.4 % |
|
S60L |
926 |
54.8 % |
3,566 |
-5.7 % |
|
S60 CC |
0 |
– |
– |
– |
|
S90 |
4,203 |
-12.2 % |
14,541 |
-33.9 % |
|
V40 |
111 |
-97.1 % |
1,677 |
-91.7 % |
|
V40 CC |
28 |
-98.3 % |
391 |
-94.1 % |
|
V60 |
0 |
– |
10 |
-98.4 % |
|
V60 CC |
0 |
– |
2 |
-99.2 % |
|
V60 CC II |
1,047 |
-23.1 % |
6,010 |
23.8 % |
|
V60 II |
2,812 |
-44.3 % |
18,829 |
-21.0 % |
|
V90 |
967 |
-49.1 % |
5,441 |
-42.7 % |
|
V90 CC |
781 |
-52.5 % |
4,244 |
-47.0 % |
|
XC40 |
10,891 |
3.0 % |
50,867 |
1.2 % |
|
XC60 |
0 |
– |
– |
– |
|
XC60 II |
13,226 |
-24.5 % |
61,064 |
-24.0 % |
|
XC90 II |
6,572 |
-23.8 % |
29,324 |
-24.1 % |
|
Вкупно |
44,830 |
-25.5 % |
208,479 |
-25.0 % |
>>> Електричниот Volvo XC40 стартува со испорака наесен
https://www.instagram.com/p/CAUxafWlteU/
















