за

Volkswagen подготува уште поекстремна изведба од Golf R

Volkswagen Golf дополнителна изведба R
Volkswagen Golf дополнителна изведба R

Најекстремните спортски изведби во компакт класата веќе надминуваат 400 КС. По пример на A45 S AMG, Волфсбург подготвува уште посилна изведба од претстојниот Golf 8 R. Volkswagen уште пред неколку години ја прикажа идејата.

Volkswagen планира дополнителна верзија од Golf R за 2023 година, со уште повисока моќност. Како што објави австралискиот магазин Which Car, Волфсбург уште пред пет години ја најави таа идеја преку студијата R400. Според пишувањето, во менаџментот на Volkswagen се разгледува дизајнерска скица што отстапува значително од Golf 8 R. Најсилната верзија на Golf ќе постигнува 408 КС и ќе им се спротивстави на конкуренти од ковот на Mercedes-AMG A 45 S или на Audi RS 3 Sportback, кој уште го очекуваме да се појави во новата генерација.

Бидејќи Audi не го отстапува својот петцилиндарец за останатите марки од концернот, на инженерите во Волфсбург им преостанува да извлечат максимум од дволитарскиот четирицилиндарец. Според гласините, моќноста на Golf 8 R ќе изнесува 333 КС. Останува уште многу работа додека се достигнат 400 КС.

Но, одговорот веќе е познат. Volkswagen уште во 2017 година го најави можното решение преку Golf GTI First Decade. Со хибриден погон, односно со четирицилиндарец за предната оска и со електромотор на задната оска, тој постигнуваше 410 КС.

Со оваа погонска конфигурација, може да се постигне големо уживање во возењето, затоа што зависно од ситуацијата, идниот R+ би можело да вози или со погон на сите тркала, или со погон напред или со погон само на задната оска. Остануваат уште неколку години додека Волфсбург стартува со продажба на новата верзија на Golf R. Тоа би можело да се случи при првото моделско освежување на актуелниот Golf 8.

https://www.instagram.com/p/nMfedslR1f/

>>> Новиот Golf GTI за 4 секунди побрз на фабричката патека

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volvo во мај продал 44.830 автомобили, расте кинескиот пазар

Volvo во мај продал 44.830 автомобили, расте кинескиот пазар

Овој Jaguar E-Type некогаш му припаѓаше на Кевин Киген

Овој Jaguar E-Type некогаш му припаѓаше на Кевин Киген