за

Овој Jaguar E-Type некогаш му припаѓаше на Кевин Киген

Овој Jaguar E-Type некогаш му припаѓаше на Кевин Киген
Овој Jaguar E-Type некогаш му припаѓаше на Кевин Киген

Еден од водечките специјалисти за реставрација на E-Type во Британија, компанијата E-Type UK, заврши со долготрајната реставрација на Е-Type V12 Roadster од 3-та серија, произведен во 1972 година. Автомобилот некогаш припаѓаше на легендата на Ливерпул и на англискиот фудбал, Кевин Киген. Со каросерија во зелена боја и кожа во бисквит-боја, родстерот го врати истиот сјај како при напуштањето на производствените ленти во 1972 година.

Актуелниот сопственик побарал помош од E-Type UK, откако имал незгода со автомобилот. При поправката се покажало дека штетата не ја зафатила носечката структура. Но, уште неколку „вистини“ излегле на виделина, откако целата каросерија била донесена до гол метал. Експертите утврдиле дека автомобилот уште претходно имал претрпено бројни оштетувања, кои биле поправени нестручно.

Приоритет на сопственикот било да се врати некогашната зелена боја на каросеријата, исто како и обложување на седиштата и кабината со кожа во боја на бисквит и обновување на покривот со материјал во истата боја. Потоа следело и комплетно обновување на хромираниот слој на сите делови од метал во кабината. За да се постигне оригиналност, регистерската таблица е преместена странично, додадени се странични ретровизори и монтирани се стандардните челични бандажи. На крај е вграден и издувен систем од нерѓосувачки челик и волан Motor-Lita од 14 инчи.

Сиот труд околу автомобилот вреди дополнително поради минатото на овој E-Type. Како автомобил во чијашто историја е запишано името на Кевин Киген, носител на Орден на британската империја, вредниот Jaguar некогаш ќе се појави на наддавање, а вложувањето во олдтајмери, повеќе години наназад е практика што носи потенцијал за поголема добивка отколку камата на банкарски влог.

До страницата на компанијата https://etypeuk.com/restoration/restoring-celebrity-status/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volkswagen Golf дополнителна изведба R

Volkswagen подготува уште поекстремна изведба од Golf R

mitsubishi space star fl

Mitsubishi Space Star приватно најпродаван модел во Германија во мај