Музејот на Porsche поканува на бесплатна посета во чест на 43-от светски Ден на музеите. Верно на мотото за оваа година „Музејот за сите – Музеи за разновидност и инклузија“, в недела ќе има и дигитален преноз во живо на инстаграм, на @porsche.museum.
Од каде било во светот, в недела на 17-ти мај ќе може да се пристапи преку инстаграм во музејот на Porsche и да се дознае, како спортската марка ги пренесува своите идеи и искуства од минатото во иднината.
По повод светскиот Ден на музеите, водич ќе направи прошетка низ музејот на Porsche, во времетраење од еден час, на германски и на англиски јазик. Притоа ќе може да се погледнат повеќе од 80 возила, на површина од 5.600 метри квадратни.
Дигиталните прошетки во живо ќе водат покрај прототипите, малите експонати, тркачките и сериските возила на Porsche. Прошетката на германски јазик ќе почне во 18.30 часот, додека стартот на англиската прошетка е точно на полноќ. Намерно се избрани периоди надвор од работното време на музејот., според мотото „Музејот за сите“.
Porsche Museum на инстаграм: instagram.com/porsche.museum/
https://www.instagram.com/p/CAIhAFZljJX/
















