Порше Македонија објави дека гаранцискиот период за возилата од марките Volkswagen, Skoda, Audi, Seat и Porsche се продолжува за три месеци, поради корона-пандемијата. Станува збор за акција во светски рамки, со којашто се излегува во пресрет на клиентите кои не можеле да го остварат правото на гаранција во периодот на вонредни мерки за ограничено движење.
За сите автомобили од марките на концернот Volkswagen, што се произведени во Европа или се наменети за продажба на европскиот пазар, во светски рамки важи продолжување на периодот на важност на гаранцијата за три месеци. Увозникот Порше Македонија излезе со соопштение со коешто ја потврдува важноста на оваа акција на концернот и за македонските возачки и возачи.
Конкретно станува збор за возила чијашто двегодишна гаранција истекува меѓу 1-ви март и 31-ви мај 2020 година. Продолжувањето важи три месеци по истекот на првичната гаранција за ново возило, односно продолжена гаранција.
„Поради корона-пандемијата, голем број од овластенните сервисни работилници во светски рамки уште се затворени. Тоа им оневозможи на голем број од нашите клиенти, навремено да можат да го реализираат правото на гаранција за возилото“, изјави Јирген Штакман, директор за продажба, маркетинг и постпродажба на марката Volkswagen. „На наше задоволство, можеме на нашите клиенти да им понудиме директно и небирократско решение, преку тримесечното продолжување на гаранцијата.“

Оваа мерка претстасвува единствено и доброволно излегување во пресрет на клиентите, како помош во вонредната ситуација што е предизвикана од Ковид-19. Акцијата важи во светски рамки за сите возила што се произведени во Европа или за европскиот пазар.
Кон соопштението на страницата на Volkswagen во Македонија
















