Овој Ford има долга и импресивна најава: Плагин-хибриден погон, седум седишпта, десетстепен автоматик, луксузна опрема во серија и комплет системи за асистенција. Ford Explorer е врвот во СУВ-понудата на марката и штотуку започнува со испорака на најголемите пазари во Европа.
По одличното поглавје со Mustang, кој во оваа генерација првпат е достапен во редовната мрежа на марката, Ford им носи уште еден типично американски модел на европските возачки и возачи. Explorer е долг 5,05 метри, широк 2,28 метри и висок 1,78 метар. Сосем е јасно дека станува збор за врвот во понудата на СУВ-модели на Ford. Како што беше најавено уште при стартот на нарачките во минатата есен, првиот контингент од Explorer веќе е пристигнат на европска почва и почнуваат испораките. Цената: 76.000 евра за верзијата ST-Line за германскиот пазар и 77.000 евра за Platinum.
Погонската спрегга ја сочинуваат трилитарски бензински V6 и електромотор, кои заедно постигнуваат системски 457 КС и вртежен момент од 825 њутнметри. Крајната брзина изнесува 230 km/h, спринтот до темпо сто трае за шест секунди. Според „оптимистичката“ норма за хибридни возила, потрошувачката изнесува 2,9 литри. Досегот при возење на струја е 48 километри.
https://photos.app.goo.gl/2r1CAZ87pGQFYZxe8
Опремата вклучува активен систем за потиснување на звуците, двозонска автоматска клима, кожени седишта, спортски волан, спортски предни седишта со електрично местење, плус вентилација и греење во нив. Понатаму, секој Explorer ST-Line поседува панорамски покрив, заедно со електрична намотка за заштита од сонце.
https://photos.app.goo.gl/mreHTSazEYuAGuaq5
Само преградите низ кабината заедно имаат зафатнина колку багажник на мини автомобил
Најпродаваниот СУВ во Америка располага со седум седишта, со електрично соборување и подигнување на седиштата во третиот ред. Сосем е очекувана зафатнината на товарниот простор, со спуштени седишта: 2.274 литри. Сензорското отворање на задниот капак веќе се подразбира.
Ако во авто-салоните има дива мачка, тоа е Ford Puma

















