Во фабриката на Tesla влезе полиција да ја провери корона-заштитата

tesla model 3 proizvodstvo

Шефот на Tesla повторно ги отвори вратите на фабриката во Фремонт, иако локалните власти уште не му дозволија да почне со работа. Денес во фабриката пристигнала полиција, да провери дали вработените ги почитуваат препораките за заштита од корона-вирусот.

Матичната фабрика на Tesla во близина на Сан Франциско денес добила посета од полицијата, откако шефот на компанијата Илон Маск најави дека ќе ги прекрши актуелните забрани. Инспектор влегол во фабриката заради проверка дали се почитуваат мерките на претпазливост, како носење маски и слично. Соодветниот увид од полициските органи е испратен до финансиската служба Блумберг. Сознанијата ќе бидат приложени до локалните здравствени власти за подрачјето на Аламеда.

Маск пред неколку денови најави дека ќе ги прекрши ограничувањата од локалните власти и ќе ја пушти фабриката во работа. Властите во Аламеда планираа да издадат одобрение за продолжување на работата дури во следната недела, доколку производителот на електрични автомобили ги почитува безбедносните препораки за своите вработени. Tesla до тој момент требаше да работи само на подготовка за производство.

Агенцијата за здравство претходно предупреди дека ќе побара асистенција од полицијата, со цел да се провери дали се почитуваат препораките. Полицијата веќе има искуства во фабриката и може да го процени степенот со којшто истата произведува.

Погоните во Фремонт се од суштинско значење за Tesla. Таму моментно се произведуваат најмногу возила, додека производството во втората фабрика во Кина уште е во почетниот стадиум. Електро-специјалистот по долг период конечно постигна профитабилност и планира годинава да испорача повеќе од 500.000 возила.

Пазарот во Кина се враќа во нормала, Tesla Model 3 најпродаван електромобил

tesla фабрика шангај
Фабриката на Tesla во Шангај

Претходна објаваГумите ќе добијат нови етикети, одлучи Европскиот Парламент
Следна објаваВо музејот на Porsche бесплатно и дигитално на 17-ти мај

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here