Гумите ќе добијат нови етикети, одлучи Европскиот Парламент

Налепниците на гумите ќе прикажуваат дополнителни информации
Налепниците на гумите ќе прикажуваат дополнителни информации

Европскиот Парламент донесе нови правила за означување на автомобилските гуми. Целта е корисниците полесно да ги распознаат гумите што придонесуваат за намалување на потрошувачката на гориво.

Автомобилските гуми од следната година ќе добијат појасни ознаки, за возачките и возачите да можат полесно да ги распознаат гумите што придонесуваат за намалување на потрошувачката на гориво, односно енергија. Европските пратеници се согласија за новите правила. Останува само државите на ЕУ формално да ја потпишат спогодбата во Министерскиот совет. Според соопштението од Парламентот, таа ќе стапи на сила на 1-ви мај 2021 година. Цел на новата регулатива е намалување на потрошувачката на гориво, што понатаму ќе ги поштеди климата и паричникот на возачите.

Според Парламентот, емисиите на СО2 ќе се намалат за десет милиони тони со новиот систем. Комисијата на ЕУ предложи ново и подобро означување на гумите уште во мај 2018 година. Причина за измените е зголемената потрошувачка на гориво во патниот сообраќај, што соодветно води и кон зголемена емисија на стакленички гасови. За таа цел, информациите за гумите ќе се гледаат подобро и ќе бидат појасни.

Новата етикета на гумите ќе биде слична со ЕУ-етикетата за енергетска класа

Со Одредбата се пропишува потрошувачите да добијат јасни, релевантни и споредливи информации при изборот на гуми. Со новите правила, појасно ќе се распознаваат гумите што имаат помало триење со подлогата. Честичките од трошењето на гумите предизвикуваат голем дел од микропластиката во животната средина, ценат во ЕУ.

Новите одредби ќе обезбедат и надзор на пазарот, како и почитување на законите. Новата етикета ќе изгледа слично како тековната налепница за енергетска класа на ЕУ, за којашто се користи градација преку бои, од зелена до црвена.

Налепниците на гумите ќе прикажуваат дополнителни информации

Претходна објаваПоловина од купувачите избираат автомобил според онлајн-оцените
Следна објаваВо фабриката на Tesla влезе полиција да ја провери корона-заштитата

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here