Во следниве неколку седмици, BMW ќе го изврши најголемото обновување на софтверот во возилата во својата историја. Тоа е практика што одлично ја познаваат возачките и возачите на Tesla.
BMW во текот на следните седмици ќе го обнови софтверот во повеќе од половина милион возила. На овој начин се покажува дека дигиталните услуги, коишто се веќе стандард кај производителот на електрични возила Tesla, функционираат добро и кај традиционалните производители.
Со новата верзија на софтверот, BMW меѓу другото ќе вчита во возилата и подготовка за Drive Recorder, со којшто средината околу возилото може да се снима во времетраење од 40 секунди, со помош на вградената камера. Оваа функција потоа ќе може да се активира онлајн, за соодветен надомест.
Освежувањето на софтверот е најголема кампања од овој вид, што досега ја има реализирано европски производител. Модуларниот оперативен систем, со кого што може да се „даунлоудира“ целиот софтверски код, вклучувајќи и функции што се поврзуваат со самото возење, BMW го вградува во своите возила уште од 2018 година. Софтверот може да се преземе или преку мобилна апликација или директно преку СИМ-картичката на возилото.


















