за

Mercedes е премиум број 1, но BMW M GmbH е пред AMG

bmw m8 gran coupe
bmw m8 gran coupe

Пазарната трка меѓу Mercedes, Audi и BMW е душата на автомобилската сцена. Триото се бори на сите можни фронтови, инаку ќе беше многу здодевно. Последниот триумф го има Mercedes, со потврдата за најпродавана премиум марка во светот, но сега возвраќа BMW во ресорот во којшто спаѓаат M3 & Co.

Едната вредност е 132.136, другата е 135.826. Станува збор за бројот на продадени автомобили од снагаторските подмарки на Mercedes и BMW, односно на Mercedes-AMG и BMW M GmbH. Разликата е 3.690 возила, во корист на Минхен. Минимално, но сосем е доволно за баварците да сакаат да ја споделат таа информација со светот.

Тоа би било солидна „утеха“ за BMW, кој веќе неколку години (повторно) го губи почесното место на најпродавана премиум марка во светот од Mercedes. Што се однесува до тој резултат, вредностите за 2019 година се следниве: Mercedes 2.339.562 возила, BMW 2.168.516 возила, Audi 1.845.550 возила.

Значи, BMW M GmbH, лани го постигна својот најдобар резултат во близу половина век постоење и го презеде водството во сегментот на автомобилски марки со високи перформанси. Додека AMG лани порасна „само“ дваесетина проценти, М GmbH порасна уште повеќе, односна постигна зголемување на продажбата за 32,2 проценти. Продажбата пораснала и во делот што се однесува на спортски пакети под знакот на „M, како и на ексклузивната опрема што ја нуди BMW Individual, како дел од M GmbH.

Првпат во историјата на спортската марка се случува таа да го преземе водството на пазарот на автомобили со високи перформанси од Mercedes-AMG

Успехот се должи и на големиот број на моделски премиери лани, што е уште еден рекорд за марката. Со BMW X3 M, X4 M, заедно со нивните варијанти Competition, M GmbH првпат понуди модели во средната класа на СУВ-сегментот. Премиера имаа и M8 Coupe, M8 Cabriolet (+Competition).

Најголем единечен пазар биле САД, со 44.442 испорачани возила. Втора е Германија со 26.110 возила, пред Велика Британија со 17.688 возила. Паралелно растеше и учеството на M-моделите во вкупната продажба на BMW. Во Северна Америка, секој седми автомобил на BMW продаден лани бил „М“.

BMW M2 CS
BMW M2 CS
Во поглед на уделот, прва во светот е Швајцарија, кадешто повеќе од 22 проценти од вкупната продажба на „сино-белите“ отпаѓа на M-модели

Годинава пристигаат BMW M8 Gran Coupé и неговата варијанта Competition, за неколку месеци следат новите изданија на X5 M и X6 M, а голем интерес секако ќе предизвика BMW M2 CS. Најголемата премиера сепак е новото издание на BMW M3 и на M4.

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

toyota supra a70

Toyota ќе произведува резервни делови за старите генерации на Supra

volkswagen golf 8 ракување клима

Новиот Golf разбира кога возачот ќе каже дека му е студено