159
21 shares, 159 points

Имиџот на Golf долго време се градеше врз фактот дека неговите возачки и возачи, по седнувањето во новата генерација на моделот, веднаш се „снаоѓаа“, точно знаеја каде се наоѓа одредена функција и како се вклучува истата. Тоа не се смени ниту во осмата генерација на Golf, компактот кој доживеа толку генерации, што „традиционалното“ означување Golf VIII ќе беше премногу комплицирано, па менаџментот го префрли на Golf 8.

Golf во дигиталната ера и во ерата на електричниот погон, воведува нов, но пак познат начин на ракување со тризонската автоматска клима „Air Care Climatronic“. Новиот клима уред поседува мени „Smart Climate“, чијшто функции се опишани како „згреј ми ги нозете“ или „одмагли ги стаклата“. Посебното е во тоа што овие функции може да се вклучат и преку говорна команда, со истите зборови како погоре. Golf 8 буквално ги исполнува желбите на возачот и совозачот.

Температурата на клима уредот може да се мести преку лизгачки полиња на дисплејот или преку гласовна команда. Во менито на „Air Care Climatronic“ со филтер за алергени и со контрола врз три зони се пристапува или преку дисплејот на инфо-забавниот систем или преку сензорското поле со копчиња за директен избор кои се наоѓаат под дисплејот.

Во замена за класичното дотерување на брзината на вентилаторот или вклучувањето рециркулација стои на располагање новото мени „Smart Climate“. За во ова мени да се пристапи до одредено местење на климата, повеќе не мора многу да се „чепка“ по уредот. Доволно е да се вклучат одредени сценарија што се предвидени однапред и се достапни со само едно допирање на дисплејот, односно со една говорна команда.

Volkswagen утврди дека постојат пет најчесто користени сценарија, кои се вградени во менито „Smart Climate“. Тоа се следниве функции:
  • Одмагли ги стаклата
  • Стопли ми ги стопалата(потопол воздух во просторот за нозе)
  • Стопли ми ги дланките“ (потопол воздух од отворите во арматурната табла)
  • „Излади ми ги стопалата“ (постуден воздух во просторот за нозе) и
  • Свеж воздух“ (низ кабината провејува студен бран).

Уште една посебност е во тоа што функциите на „Smart Climate“ се вклучуваат само привремено, односно по постигнувањето на саканиот ефект, автоматската клима се префрлува на претходното местење.

Поедноставно се менуваат и постојаните местења на „Air Care Climatronic“. Преку новите дигитални микрофони, системот разликува дали зборува возачот или совозачот. Доволно е само да се каже, на пример, „студено ми е“ или „топло ми е“ и клима уредот соодветно го менува местењето на возачката или совозачката страна.

Дури може да се задаваат и команди како „направи потопло за четири степени“. Истото важи и за команди како „дува многу“ или „мириса лошо“, за автоматската клима да реагира со смалување на брзината на вентилаторот или со привремено затворање на дотокот на воздух однадвор.

Тест · Volkswagen Passat GTE: Примерниот играч што стана револуционер


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

159
21 shares, 159 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *