Возачите на Supra A70 и A80, моделите што се произведуваа меѓу 1986 и 2002 година, ќе имаат помирни соништа околу иднината на своите миленички, затоа што Toyota најави дека ќе произведе нова серија од резервните делови кои извесно време се недостапни.
Toyota ќе произведува резевни делови за Supra A70, произведувана меѓу 1986 и 1993 година, и за Supra A80, со произвдоство меѓу 1993 и 2002 година. Станува збор за проект под раководство на одделението за мотоспорт и спортски модели Toyota Gazoo Racing, кусо GR. Посебно во неговите рамки, специјалисти ќе бидат задолжени на моделите од постарите генерации. Деловите ќе бидат достапни во Јапонија, САД и во Европа.
Supra е еден од најкултните автомобили на тјунинг сцената во светски рамки и тоа е повеќе од доволна причина за јапонската компанија да се погрижи околу снабдувањето на пазарот со нови резервни делови. За почеток се избрани десетина различни делови за коишто постои најголема потреба. На веб-страницата на Gazoo Racing може да се пријават и други делови што им недостигаат на фановите на овој модел. Проектот е во почетна фаза и за понатаму може да се очекува дека Toyota ќе понуди вистински вредна услуга.
https://photos.app.goo.gl/9QAQUEuLCiJbYBRc7
Секако, деловите ќе бидат изработени како оригинални резервни делови на Toyota и ќе ги исполнуваат сите барања за квалитет на јапонската куќа. На овој начин ќе се овозможи Supra уште долги години да биде присутна на сцената, што секако дека е од интерес на производителот. Supra е една од најуверливите подвижни реклами на Toyota.
Пример за неколку делови од претходните генерации на Supra што ќе се произведат во нова серија:
|
Supra A70 |
Карданско вратило, рачки на врати, сензор за мерач на гориво, предни амблеми итн. |
|
Supra A80 |
Предни светла, рачки на врати, засилувач на сила на сопирање итн. |
Gazoo Racing ги прикажа резервните делови за историските модели на салонот во Токио, кој традиционално се одржуваше на саемот Макухари и заврши пред неколку денови.
Повеќе детали на https://toyotagazooracing.com/gr/heritage/
https://www.instagram.com/p/B1Ez4r7HkJc/
















