Volkswagen денес пушти 100 станици со полначи за електрични возила во и околу фабриката за доставни возила во Хановер. Половината од станиците се наоѓаат во фабричкиот круг, останатата половина се поставени на јавните паркиралишта во подрачјето околу фабриката.
Полначите се снабдуваат со струја што целосно потекнува од ообновливи извори. Површината за паркирање пред полначите е бојадисана со зелена боја и резервирана е само за возила со електричен погон.
Огранокот за доставни возила на Volkswagen планира бројот на станици за полнење да го зголеми на 450 до 2023 година. Две третини од тие станици ќе бидат достапни јавно, односно ќе се постават во подрачјето околу фабриката.
















