148
20 shares, 148 points

Зимските гуми не ги исполнуваат секогаш очекувањата. Од премиум моделите на зимски гуми на големиот тест на клубот АДАК, само две добија оцена многу добро. На гумите од Dunlop и Pirelli, како победници на тестот, им се придружи Kleber, како втора марка во групацијата на Michelin.

Најголемиот европски клуб на возачи АДАК секоја година врши обемно тестирање на автомобилски гуми, еднаш гуми за летна сезона, еднаш зимски гуми, а неколкупати во последните години беа тестирани и гуми за сите сезони. Годинава клубот избра за тестирање зимски гуми со димензија 185/65 R15 T. Станува збор за најпродаваната димензија на зимски гуми за градски возила, односно за модели од класата на VW Polo & Co.

Во тестирањето учествуваа 16 модели на гуми, кои беа најверодостојно и темелно тестирани во 18 единечни критериуми кои се дел на тестот на АДАК. Резултатите: Три модели на гуми добија оцена многу добро, десет гуми според клубот се добри, еден модел е доволен, додека дури два модели на зимски гуми не го минаа тестот и добија оцена недоволно.

Главните причина поради коишто одделните модели на гуми губеа бодови се првенствено слабости при возење на влажна подлога или на снег. Наспроти тоа, на моделите од Continental и Hankook им беше спуштена оцената за едно, поради слабостите на мраз. Sava, пак, исто така изгуби една оцена поради послабите својства при возење по сува подлога.

Победници на тестот се зимските гуми од Dunlop, Kleber и Pirelli

Актуелните модели на зимски гуми од Dunlop, Kleber и Pirelli се пласираа највисоко. Сите три модели ставаат посебен нагласок на одредени својства. Dunlop покажува предност првенствено на влажен пат, на снег, како и во поглед на влијанието врз потрошувачката на гориво. Kleber поентира при возење на сув пат и во поглед на абењето, додека Pirelli се докажува најмногу при возење по влажен пат.

Dunlop Winter Response (фото АДАК)

Dunlop Winter Response

Десет модели на зимски гуми имаат само просечни својства

На вкупно десет модели им беше одземена по една оцена, поради одредени слабости. Continental и Hankook за малку пропуштија да го минат тестот со оцена многу добро. Michelin и Goodyear исто така ја пропуштија оцената многу добро, поради слабата странична стабилност при возење по снег.

Слабостите кај Falken се покажуваат на сув пат, на снег и на мраз, Vredestein е послаба на влажно и на снег, но за одземањето оцена најмногу влијаеја слабостите при возење по сув пат. Nokian е одлична на снег, но затоа нејзините својства при возење на суво, влажно, како и во поглед на абењето, се во рамките на просекот.

Релативно непознатите гуми од марката Gislaved (којашто е марка од концернот Continental) покажува слабости на суво, влажно и на снег, а истото важи и за Kumho, којашто дополнително има и поизразено абење, па соодветно минува помалку километри. Viking има слабости единствено на влажен пат, меѓутоа отстапувањата се преголеми.

Губитниците на тестот доаѓаат од Toyo и Davanti

Toyo Snowprox (Фото АДАК)

Toyo Snowprox

Словенската Sava доби само преодна оцена. Проблемот е во послабите својства при возење по сув пат.

Toyo разочарува на снег, првенствено поради слабата странична стабилност. Марката Davanti се нуди кусо време на германскиот пазар, но не убеди при нејзиниот прв настап на тест. Овие гуми имаат поголеми слабости на влажен пат (тоа важи најмногу за страничната стабилност), но проблем претставува и отпорноста на аквапланинг (запливување). Последново е важен показател за возните својства при возење во разгазен снег. Двата модели не го минаа тестот и добија оцена недоволно.

Целосен преглед на резултатите од тестирањето на зимски гуми на клубот АДАК

New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos

Подкатегории во тестирањето:

  • Тестирањето на суво се состои од оценување на: Возни својства, безбедност, сопирање
  • Тестирањето на влажно се состои од оценување на: Сопирање, аквапланинг надолжен и попречен, управливост, возење во круг / странично водење
  • Тестирањето на снег се состои од оценување на: Сопирање – АВЅ, поаѓање, управливост
  • Тестирањето на мраз се состои од оценување на: Сопирање – АВЅ, странично водење
  • Тестирањето на бучава/комфор се состои од мерење на: Внатрешна и надворешна бучава
Зимските гуми се редовно застапени во содржините на Аутомедиа. Издвоивме неколку објави:

Тест на зимски гуми на клубот АДАК: Димензија 175/65 R14 T (2018)

Тест на зимски гуми на клубот АДАК: Димензија 205/55 R16 H (2018)

„Зошто да купувам зимски гуми кога не возам по снег?“


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

148
20 shares, 148 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *