Огранокот на Peugeot што е специјализиран за скутери и мотоцикли отсега целосно ѝ припаѓа на индиската групација Mahindra. Тоа е сосем очекуван потег, откако Mahindra во 2015 година презеде удел од 51 проценти во акциите на француската марка скутери.
Од преименувањето од Peugeot Scooters во Peugeot Motocycles може да заклучи дека марката нема да остане само на производство на скутери. Компанијата на ланското издание на салонот за мотоцикли во Милано го прикажа P2X, како концепт на малечок мотоцикл со мотор со работна зафатнина од 125 или 300 сантиметри кубни.
https://www.instagram.com/p/B26H5APCZdv/
















