Марката Skoda е присутна на повеќе од сто пазари ширум светот. Во компанијата работат преку 41.000 лица. Само во фабриките во Чешка се вработени лица од 48 странски држави. Има и од Македонија.
На крајот на 2018 година, Skoda вработувала 4.443 странски работници од 48 држави во своите фабрики во Чешка. Нивниот удел во вкупниот број вработени лица во производствената и логистичка мрежа на Skoda изнесувал 13,6 проценти. Одделно по држави, најмногу работници доаѓаат од Полска (45,3%), од Словачка (35,2%) и од Украина (8,9%).
https://photos.app.goo.gl/acftYSaNLfzs9NuB7
Вработени пристигаат од соседните и блиските земји, но и од Намибија и Сингапур
Не е изненадување тоа што на работа во Чешка пристигаат работници од соседните држави и блиските земји во регионот. Но, Skoda има работници и од најдалечните земји. Во чешката мрежа на Skoda работат тројца Американци, двајца Кубанци, двајца Корејци, како и граѓани на Канада, Мексико, Намибија и Сингапур.
https://photos.app.goo.gl/8xNJAqnmiLUcdg8H9
Предностите на разновидниот состав на персоналот најдобро ги објаснува дизајнерот Оливер Стефани: „Нашиот дизајнерски тим е навистина интернационален, со лица од 26 нации. Тоа е неопходно, затоа што Skoda е привлечна марка и произведува автомобили за целиот свет. Поради тоа има потреба од лица од разни култури. Нивната работа е да сонуваат. Потоа, работиме заеднички и ги преточуваме овие соништа и идеи во соодветна форма.“
Skoda во мај продаде близу 105.000 автомобили
Skoda го подготвува и петтиот СУВ-модел за Кина
Пикапот од Skoda Kodiaq се вика Mountiaq и дело е на ученици
Skoda Superb iV е хибрид што кај нас може да биде ослободен од 10% акциза
















