за

Пикапот од Skoda Kodiaq се вика Mountiaq и дело е на ученици

Skoda Mountiaq
Skoda Mountiaq

Традиција во Skoda е идните занаетчии што се на обука во компанијата да изработуваат концептни автомобили. Нивните креации привлекуваат внимание, некои модели може навистина да се посакаат во понудата на Чесите.

По осум месеци работа, 35 ученици во занаетчиската школа на Skoda го прикажуваат пред светот Skoda Mountiaq, како пикап изведба од најголемиот СУВ во понудата на чешката марка, Kodiaq. Лакирана во самостојно нијансирана портокалова боја, студијата привлекува внимание и со светлечката лајсна на покривот, со моќниот предел дел со чекрк и со масивниот заштитен лак.

New photo by Automedia MK / Google Photos
Mountiaq е веќе шести студиски автомобил од учениците во Skoda

Учениците доаѓаат од седум насоки, меѓу нив има и шест девојки. Значајна помош при работата даваат експертите на Skoda во подрачјата на дизајнот, производството и техничкиот развој. Пикапот изгледа зрело и речиси како модел кој штотуку влегува во сериско производство. Ништо не се препуштило на случајот и со изборот на името. Mountiaq јасно асоцира на планина и авантура, а завршетокот со „Q“ е верен на номенклатурата на СУВ-моделите: Kamiq, Karoq, Kodiaq.

New photo by Automedia MK / Google Photos
Исто како кај Scala и Kamiq, името на марката е напишано со одвоени букви

Во пикапот се вложени повеќе од 2.000 работни часови. По проектирањето, самата практична работа врз возилото започна во јануари. Прво беше зајакната каросеријата, поради „отсекувањето“ на покривот и изведувањето на пикап-кабината, вклучувајќи и изработка на посебни прозорци назад. Вратите се скусени и преправени за повеќе да одговараат на новиот визуелен настап на Mountiaq.

Пикапот е долг пет метри, широк 2.005 mm и висок 1.710 mm. Меѓуоскиното растојание изнесува 2.788 mm, празно возило тежи 2.450 килограми. Користени се специјални теренски гуми, кои заедно со преправките во подвозјето направија растојанието од подлогата да се зголеми на 29 сантиметри. Тоа е за 10 повеќе од стандардниот модел. Воедно се прошири и трагата на тркалата, за три сантиметри. Моторот е дволитарски TFSI со 190 КС.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Посебен детал е осветлувањето зад маската и во кошот за моторот. Во истиот стил продолжува и светлечката лента на покривот. Во кабината се наоѓаат ладилник, украси изработени со 3D-печат и воки-токи, за комуникација кадешто не постои комуникација.

Прв автомобил од практикантите во училиштето на Skoda беше двосед на база на Skoda Citigo, со име Citijet. Една година подоцна следеше пикапот Funstar на база на Fabia, па купето Atero (Rapid), електричиот Element (Citigo), a лани беше изработени Sunroq, како студија на кабриолет врз основа на Karoq.

Skoda Citigo-e прв вози на струја за чешката марка на Volkswagen

Skoda Superb iV е хибрид што кај нас може да биде ослободен од 10% акциза

Skoda доби електро-подмарка iV и два модели: Хибриден Superb и Citigo на струја

Skoda Superb во ново издание на 23-ти мај, првпат во теренска изведба Scout

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

prezemanje vozilo servis germanija

Сервиси во странство испраќаат шофер по возилото

Opel Corsa-e

Електричната Opel Corsa чини 30.000 евра, испорака следната пролет