Skoda во мај испорачала 104.900 возила на светскиот пазар. Тоа е за 6,6% помалку во споредба со лани и се должи првенствено на слабеењето на кинескиот пазар. На некои европски пазари, пак, чешката марка постигна двоцифрен пораст, како во Австрија (+21,9%) или Унгарија (+20,5%).
Најпродаван модел на Skoda во мај и натаму е Octavia. Новиот модел од компакт класата Scala штотуку стартува на неколку пазари. Близу половина од вкупната продажба или 45.300 возила отпаѓаат само на Западна Европа, кадешто има и раст од 2,5 проценти. Германија е најголем европски пазар, со 16.300 возила во мај (+8,4%).
Во подрачјето на Централна Европа, во мај биле испорачани 20.000 возила или 3,4 проценти повеќе од истиот месец лани. На домашниот пазар, Skoda има 9.000 продажби и раст од 3,7 проценти. Одлично напредува унгарскиот пазар, кадешто во мај биле испорачани 1.600 возила (+20,5%) . Во Словенија имало 800 нови сопственици на Skoda во мај (+2,2%).
https://photos.app.goo.gl/aeHtM3PxKbrAkjPF7
Источна Европа, без Русија, учествува со 4.900 испорачани возила и со солиден раст од 10,8 проценти. Со 700 примероци, во Бугарија се продале речиси двојно повеќе возила отколку во мај лани (+90,3%).
Русија исто така е растечки пазар за Skoda, со 7.000 возила во мај и раст од 16,8 проценти. Кина е најголем единечен пазар за марката и во минатиот месец таму биле испорачани 21.100 возила. Тоа е драстичен пад од 31,5% во споредба со мај 2018 година.
Испораки на Skoda во мај по модели
|
SKODA OCTAVIA |
31.800 (-9,1 % ) |
|
SKODA FABIA |
15.100 (-11,1 %) |
|
SKODA KODIAQ |
14.000 (+3,6 %) |
|
SKODA KAROQ |
12.300 (+17,8 %) |
|
SKODA RAPID |
12.100 (-33,0 %) |
|
SKODA SUPERB |
9.900 (-17,3 %) |
|
SKODA CITIGO |
3.800 (+2,7 %) |
|
SKODA KAMIQ (Кина) |
3.100 |
|
SKODA SCALA |
3.000 |
Skoda го подготвува и петтиот СУВ-модел за Кина
Пикапот од Skoda Kodiaq се вика Mountiaq и дело е на ученици
Skoda Citigo-e прв вози на струја за чешката марка на Volkswagen
Skoda Superb iV е хибрид што кај нас може да биде ослободен од 10% акциза
















