Renault Koleos доби нови мотори и вози покомфорно

Renault Koleos osvezuvanje
Renault Koleos osvezuvanje

Renault Koleos од следниот месец ќе се нуди во освеженото моделско годиште. Препознатливи белези на новиот модел се впечатливите хромирани лајсни во маската, заедно со хромираната лајсна којашто се протега по целата ширина на предниот браник.

Сменети се и заштитните панели за подвозјето напред и назад. Појавата на новиот СУВ ја заокружуваат полирани бандажи и црвена боја со име мангостан којашто е новитет во понудата.

Понудата од мотори го опфаќа новиот дизел од 1,8-литар, со ознака Blue dCi 150 за изведбата на Renault Koleos со погон напред и дволитарската варијанта Blue dCi 190 4WD, за моделската изведба со варијабилен погон на сите тркала. Двата мотори пристигаат како замена за досегашниот dCi 175 и двата се комбинирани со безстепен менувач X-Tronic.

За уште подобар комфор во возењето се грижат нови предни седишта со седечка површина што се продолжува по желба и со масажна функција. Овие седишта се достапни во повисоките нивоа на опрема. Уште еден новитет е можноста за местење на аголот на задната клупа.

https://photos.app.goo.gl/MrhixwMzyjjmd6id6

https://photos.app.goo.gl/BBvJAh9ACwFQinon9

Fiat го откажа предлогот за спојување со Renault

Софтвер го претвора Renault Zoe во извор за дополнителна заработка

Renault Megane R.S. Trophy-R е новиот рекордер на Нирбургринг

Започна Renault Twingo Cup, победа на Мартин Делев

 

 

 

Претходна објаваКинескиот Nio веќе стартува со вториот електричен модел
Следна објаваToyota и Subaru развиваат заедничка платформа

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here