Seat користи суперкомпјутер со моќ на 40.000 обични компјутери

Seat суперкомпјутер
Seat суперкомпјутер

Seat го користи најмоќниот компјутер во Шпанија и седмиот најмоќен во Европа, за усовршување на аеродинамичноста на своите модели. Научници од цел свет пристапуваат до компјутерот во Барселона и вршат најразлични симулации со MareNostrum 4.

Моќта на суперкомпјутерот што го користи Seat е иста како 40.000 обични компјутери да работат во исто време. Научници ширум светот ги користат компјутерите како овој за најразлични, од следење на работата на срцето, до предвидувања за климатски промени или еколошки катастрофи.

MareNostrum 4 е сместен во кампусот на Политехничкиот Универзитет на Каталонија во Барселона, во просторија со постојани 24 оС и 36% влажност. Ориол Лемкул работи во центарот BSC, кој е организиран околу суперкомпјутерот, а конкретно е ангажиран од Seat да го истражува влијанието на геометријата на бандажите врз аеродинамичноста на шпанските автомобили.

https://photos.app.goo.gl/Ctqzymb1mG2iTFKB8

За усовршување на аеродинамичноста досега се користеа модели од глина во природна големина, со кои се вршеа тестирања во воздушен тунел. Работата во воздушен тунел сепак е многу скапа, затоа што мора постојано да се вршат преправки на глинениот модел. MareNostrum 4 овозможува овие истражувања да се извршат во симулирана средина, но со сосем реални вредности и драстично поевтино и побрзо. Меѓутоа, моќта засега е доволна само за истражување на мали подрачја, конкретно кај бандажите.

Работа на цело возило со суперкомпјутери би била можна по петнаесетина години, кога нивната моќ ќе биде илјадапати повисока отколку сега. Моментно се работи на MareNostrum 5, кој ќе има дваесетпати повисок капацитет од сегашниот компјутер и за когошто Универзитетот се кандидира да го вдоми.

Факти и бројки за MareNostrum 4

За суперкомпјутерот

  • 3.456 нодови
  • 6.912 чипови
  • 165.888 процесори
  • 13.7 петафлопови
  • 78.000 килограми

За центарот

  • 180 метри квадратни
  • 24 степени Целзиусови
  • 36% релативна влажност
  • 19 тони стакло
  • 26 тони челик

Seat Arona на метан вози 100 km за 150 денари

Seat испробува нови видови на мобилност во фабриката во Марторел

Seat тестира погон со метан од отпадот од Барселона

 

Претходна објаваВтора трка и втора победа за Мартин Делев на Твинго Куп
Следна објаваПроизводителите имаат две години да ја скусат емисијата на СО2 за 20 проценти

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here