Харалд Кригер, претседател на управниот одбор на BMW AG и од јуни 2015 година член на управниот одбор на Здружението на германските производители на автомобили, избран е за потпретседател во президиумот на Здружението. Тој го заменува др. Дитер Цече, поранешен претседател на управниот одбор на Daimler AG.
Како наследник на др. Цече во неговата функција на претседател на управниот однор на Daimler AG, Ола Келениус е избран за нов член во управниот одбор на Здружението на германски производители на автомобили.
Др. Цече беше избран во управниот одбор и президиумот на Здружението во ноември 2006 година, а во 2009 година тој стана и потпретседател на германските производители на автомобили. Човекот со најпознатите мустаќи во браншата беше ангажиран и на европски рамки во автомобилската индустрија, како претседател на европското здружение АЦЕА.
Дитер Цече пред неколку денови доби поздравно видео за неговото заминување од Daimler, коешто за кусо време достигна повеќемилионска гледаност
Retirement is when you can leave your past behind and embrace your future. 😉#BMW #Mercedes #Zetschehttps://t.co/S0njE4CNfp pic.twitter.com/wK1sLm2gS8
— BMW (@BMW) May 22, 2019
BMW со поздравно видео за заминувањето на Дитер Цече од Daimler
Дитер Цече ќе биде новиот шеф на туристичката компанија Туи
Дитер Цече од Daimler со највисок углед од германските топ-шефови
















