за

Ford ќе вози во историски бои на 24 часа Леман

Ford GT Леман
Ford GT Леман

Ford GT ќе вози во историски бои на годинашниот 24 часа Леман. Со четирите тркачки болиди во класата GTE на фабричкиот тим Ford Chip Ganassi Racing ќе се одбележи легендарниот триумф на марката, на најтешката трка во издржливост во светот. Маратонот се вози на 15-ти и 16-ти јуни и за Ford ќе биде завршница во првенството на долги патеки во GT-класата.

Секое од четирите возила е обложено со фолија којашто прикажува различно поглавје на Ford на француската патека. На квартетот болиди ќе им се придружи и GT на приватниот тим Keating Motorsports, кој ќе стартува во „џентлменската класа“ GTE-Am и исто така ќе биде специјално лакиран.

Во 2016 година, Ford одбележуваше половина век од првата победа на Ford GT40 на Леман. Дополнителен повод за славење беше и освоеното прво место во класата GTE-Pro.

Црниот Ford GT со бели ленти и стартен број 66 е во стил на историскиот GT40, со којшто Брус Мекларен и Крис Амон ја извозеа првата победа на Леман за марката. Годинава во фабричкиот болид ќе се менуваат Германецот Штефан Мике, Французинот Оливие Пла и Американецот Били Џонсон.

Црвениот автомобил е во чест на Ден Гурнеј и А.Џ. Фојт, кој го повторија успехот во 1967 година. Со болидот со стартен број 67 ќе управуваат Британците Енди Прио и Хари Тинкнел, заедно со Американецот Џонатан Бомарито.

Последната победа за Ford ја постигнаа Германецот Дирк Милер, Американецот Џои Хенд и Французинот Себастиен Бурде во 2016 година. Истото трио ќе вози и годинава, со истите бои на каросеријата.

Четвртиот Ford GT на фабричкиот тим, управуван од Новозеланѓанецот Скот Диксон, Австралиецот Рајан Бриско и Британецот Ричарт Вестбрук го носи стартниот број 69 и потсеќа на трикратниот триумф на Ford во 1966 година. Дизајнот е по пример на тогаш второпласираниот GT40.

Keating Motorsports го комплетира настапот со Ford GT во класата GTE-Am. Бен Китинг (САД), Џерон Блекмолен (Холандија) и Фелопе Фрага (Бразил) ќе стартуваат под бројот 85 со истиот дизајн како фабричките болиди, плус боите на главниот спонзор Wynn’s.

New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos

 

Ford GT беше конструиран првенствено за марката да се врати во светот на „гран-туризмо“.

Претстојниов викенд, во сабота на 2-ри јуни, четирите Ford GT првпат ќе се појават на тестирањето во „Славеничите бои“, на патеката долга 13,6 километри. За трката на 15-ти и 16-ти јуни, Ford четврти пат по ред ќе пренесува во живо, при што гледачите можат во реално време да се префрлуваат меѓу кокпитот на четирите болиди.

Автопилотиран Ford испорачува пратки преку автопилотиран робот

Еднолитарскиот EcoBoost на Ford со 11-та титула на светски мотор

Ford Focus ST за експресен транспорт на луѓе и багаж

Ford Ranger во „снагаторска“ изведба ќе се вози и во Европа

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

кригер и џече на потпишување на драјвнау

Кригер на местото на Цече за вице на германските автопроизводители

Honda e kameri mesto retrovizori

Камери место ретровизори како стандард кај електричната Honda