По 26 години: Последната Opel Corsa од германска продукција

fabrika opel corsa ajzenah

Според договорот меѓу Opel и францускиот концерн PSA, Corsa во иднина ќе се произведува само во шпанската фабрика во Сарагоса. Со тоа завршува една славна ера во Ајзенах, подолга од четвртина век.

По повеќе од четвртина век, во фабриката на Opel во Ајзенах во петокот заврши продукцијата на познатата Corsa. Последните примероци од овој модел ја напуштија монтажната лента во автомобилската фабрика во Тиринген.

Во фабриката за малечките модели на Opel, кадешто наскоро ќе заврши и продукцијата на Adam, во иднина ќе се произведува компактниот СУВ-модел Grandland X.

Од следната година, од Ајзенах ќе излегува верзија на Grandland X со хибриден погон

Стартот на производството на Grandland X се очекува кон крајот на летото, така што е неопходно погоните да мируваат неколку недели, заради подготовка. Од следната година, фабриката во Ајзенах ќе започне со производство и на изведбата на Grandland X со хибриден погон. Тоа ќе биде првиот хибриден модел на Opel.

Во периодот од 1993 година до денес, Corsa е произведена во 2,9 милиони примероци во Ајзенах. Adam стартуваше во 2013 година и до крајот на минатата година достигна 315.000 возила. Овој модел ќе се продава до крајот на годинава.

Според договорот со францускиот концерн PSA, Corsa во иднина ќе се произведува единствено во Сарагоса, Шпанија. Со реорганизацијата, бројот на работни места во Ајзенах ќе се смали за 450 позиции.

Opel се враќа на рускиот пазар

Opel во Русија, Peugeot во Северна Америка, Citroen во Индија

Opel првпат профитабилен по 20 години

Bitter CD: Најдобриот „Opel“ на сите времиња

Претходна објаваКоја е најстарата генерација на Toyota Corolla што ја знаете „во живо“?
Следна објаваЕлектричниот Mercedes EQC од денес во сериско производство

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here