Aston Martin Vantage со мануелен менувач и 95 килограми минус

aston martin vantage amr

Откако сцената бурно ја поздрави изведбата со мануелен менувач од моделот DB11, Aston Martin сега го нуди и Vantage во верзија AMR (за Aston Martin Racing). Посебноста во споредба со стандардната изведба е во седумстепениот мануелен менувач.

Двоседот со четирилитарскиот V8 со 510 КС – кој пристига од партнерот AMG – спринтува до темпо сто за четири секунди. Крајната брзина изнесува 315 km/h, исто колку досега. Vantage AMR со новиот менувач и со стандардните карбон-керамички сопирачки е полесен за 95 килограми.

Со цена од 184.995 евра, Aston Martin Vantage AMR ќе се изработи во серија од 200 примероци, со можност за избор на еден од петте понудени дизајни. Испораката ќе стартува во последниот квартал од годинава.

Последните 59 примероци ќе бидат изработени како специјална серија по повод 60-годишнината од победата на Aston Martin на 24 часа Леман во 1959 година, со легендарниот DBR1. Примероците од серијата „Vantage 59“ ќе бидат лакирани во препознатливата зелена боја на марката, во комбинација со боја на лимета. Цената на примерок: 210.000 евра. По завршувањето на производството на AMR, британската марка ќе го нуди мануелниот менувач како опција за Vantage.

Турбо провев и симфонија во 715 КС за возачи на Aston Martin

Aston Martin DBS 59 за победата на Леман пред 60 години

Електричен Aston Martin се пријавува за конкурент на Porsche Taycan

Рекорден собир на 410 примероци Aston Martin во Бјули

Претходна објаваСега станува сериозно: Toyota Camry пристигна во Македонија
Следна објаваSeat тестира погон со метан од отпадот од Барселона

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here