Јубилејна Mazda MX-5 во само 3.000 примероци

mazda mx-5 30th anniversary

Дилерската мрежа на Mazda во Европа започна да регистрира нарачки за специјалната серија од MX-5 што ќе се изработи за 30-годишнината на родстерот. Серијата означена како „30th Anniversary“ е со впечатлива портокалова боја ќе се изработи во само 3.000 примероци за целиот светски пазар.

Цената на класичната изведба со платнен покрив на германскиот пазар изнесува 34.190 евра, а на тамошниот пазар ќе се испорачаат само 250 примероци од Mazda MX-5 30th Anniversary. На тоа следат и сто примероци од изведбата RF, со автоматски преклоплив покрив и со цена од 36.790 евра. Возилата ќе се испорчаат во текот на летото.

https://photos.app.goo.gl/oLLkTmMp94DRDm89A

Јубилејниот модел е достапен само со дволитарски атмосферски бензинeц со 184 КС, во комбинација со шестстепен мануелен менувач. Освен по традиционалната „тркачка“ портокалова боја на Mazda, серијата се препознава и по бандажите од 17 инчи од Rays, кои се развиени посебно за моделот.

Славеничкиот MX-5 е „брендирана“ само со големи имиња: Brembo, Recaro, Bilstein, Bose…

Како што е ред кај ексклузивните серии, во внатрешноста се наоѓа плочка со редниот број на моделот во серијата. Сопирачките клешти од Brembo (назад се од Nissin) исто така се лакирани портокалово. Седиштата секако дека носат печат на Recaro, исто како и детали во портокалова боја. Пакетот го заокружуваат озвучување Bose и спортски амортизери од Bilstein.

Mazda CX-5 со мали измени во новото моделско годиште

Новата Mazda3 почнува да вози по македонски асфалт

Mazda CX-30 меѓу најпријатните изненадувања на салонот

Mazda MX-5: Три банки и уште не ѝ доаѓа разумот

Претходна објаваToyota Yaris во пикап изведба само за пазарот во САД
Следна објаваТоп 25 најпродавани модели во Европа во февруари

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here