Американските возачи со авантуристички дух повеќе од шест децении веруваат во пикапите на Toyota, било да станува збор за возење по терен или асфалт. Но, последниот пикап од јапонската марка што одамна е натурализирана таму, се разликува од сите досега. Yaris Adventure ќе има премиера на салонот Њујорк’19.
Авантуристичкиот Yaris е автомобил што многумина го бараа, но досега не знаеја како да го замислат. Тој е половина пикап, половина лимузина, но спојот е 100% неодолив. Задниот дел е изработен од композити. Возилото посебно привлекува со комфор и штедливост на лимузина, во комбинација со доволно голем товарен простор, но и доволно малечок простор, за соседите и пријателите да не додеваат секогаш кога треба да се превезе нешто тешко и големо.
Анонимен директор во Toyota открива дека неговата марка е „возбудена околу дебито на овој автомобил што никој не го очекуваше. Ние секогаш ги слушаме нашите клиенти и реагираме соодветно на пазарот.”
Toyota Yaris Adventure основа сосем нов сегмент, исто како RAV4 на времето
Исто како што RAV4 беше предводник на СУВ-сегментот, така и Yaris Adventure ги поставува основите за комплетно нов сегмент возила. Напред се забележува агресивниот браник, комплетно опремен со куки за влечење, кои се совршени за ситуации во кои возилото воопшто не требало да се најде.
Со должина од 4,25 метри, Yaris Adventure е одличен за паркирање на местата што останатите возачи на пикапи мора да ги поминат, затоа што нема доволно простор за нив.
Динамичниот систем за распределба на вртежниот момент, кој дебитираше со новата генерација на RAV4, нема да се вградува во пикапот од Yaris. Производителот сепак ветува дека новиот погон на сите тркала ќе овозможи возилото лесно да излезе од катна гаража, во услови кога има снег надвор.
Проект-менаџерите решија да не вградуваат навигација во Yaris Adventure, затоа што сите знаат до каде ќе стасаат со ова возило. Веројатно само до 1-ви април.
Тест: Toyota Corolla 1.2 Turbo Executive
Toyota ќе испраќа возило со водороден погон на Месечината
Toyota и Suzuki се подготвуваат за голема соработка
















